Брат за брат, фудбалот на Крим за пари

Таврија Симферопол е првиот шампион на независна Украина, но клубот е распуштен по отцепувањето на Крим од оваа земја. Година дена подоцна, два одделни клуба го носат истото име и секој оддедлно се смета за прав наследник на шампионот.

Иако не е познат како гигантите Динамо Киев и Шахтјор Донетцк, Таврија Симферопол е еден од најславните клубови во украинскиот фудбал. Ја освои првата историска сезона во украинската лига откако го победи Динамо во финалниот натпреваро 1992. година и до денес Таврија е единствениот клуб покрај Шахтјор и Динамо што ја освоил титулата во Украина.
 
Таврија има трофеј и од Украинскиот Куп и бил еден од четирите клуба кои редовно завршуваат на првите места секоја сезона од осамостојувањето на Украина.
 
Со руската анексија на островот на Црното море во март 2014-та година, иднината на Таврија оддеднаш станала неизвесна. Клубот продолжи да игра во украинската Премиер лига и покрај тоа што Крим де факто стана дел од руската федерација, и за првпат во историјата се најде во зоната за опстанок. Сепак, тоа не е ништо во споредба со она што ќе го снајде клубот. 

По крајот на минатата сезона, клубот официјално се распушти, потоа се реформираше и се регистрираше како ентитет според рускиот закон. Клубот дури и го сменил името од СД Таврија Симферопол во ФК Таврија Симферопол Крим. Грбот е останат ист.
 
Промениве можеби звучат козметички, но последиците беа сериозни. Новата Таврија, заедно со двата ново формирани клубови од Крим, ФК Севастопол и Жемчужља Јалта влегоа во рускиот систем на натпреварување и играа во раната фаза на рускиот куп.
 
УЕФА не ги призна овие клубови и во декември 2014. година ги суспендираше Кримските клубови кои земаа учество во Руската лига. Според регулативите на УЕФА и ФИФА, клубовите може да сменат федерација само доколку има согласност од двата сојузи, за што украинскиот не сакаше да слушне.

На почетокот на 2015-та година, УЕФА почна да бара решение и предложи основање на лига која што ќе се игра независно од Руската и Украинската фудбалска федерација. Двата сојузи се согласиле, но не помогнале во основање на ваква лига.
 
Поранешниот прв човек на украинскиот фудбал, а сега потпретседател на УЕФА, Хрихори Суркис изјави дека тој не гледа ништо штетно во една таква независна лига на Крим, но според него Кримскиот фудбал ќе остане под јурисдикција на Украина сè додека територијата „привремено е отцепена“.
 
Серхеј Кунинцин, поранешниот претседател на Таврија, кој го напуштил полуостровот веднаш по анексијата на Крим и сега е потпретседател на украинскиот фудбалски сојуз, изјави за БиБиСи дека „никој нема право да го уништува фудбалот на Крим - затоа што тие сите не се терористи и сепаратисти кои ја мразат Украина“. 

На 18-ти јуни, претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Павелко ги откри плановите за преместување на Таврија во украинскиот град Кершон кој е на 220 километри од Симферопол. „Бараме легална процедура со членовите на ФФУ за Таврија веднаш да може да заигра во Премиер лигата, а не од најдолната лига“, изјави Куницин.
 
Таврија добила и поддршка од УЕФА за изградба на нов стадион.
 
Кримската лига започна на 23 август со ремито 2-2 меѓу Таврија и ФК Севастопол, но големи се шансите наскоро две различни лиги да имаат две екипи со исто име. Таквиот исход ќе го потегне прашањето кој од овие два клуба е правен наследник на првиот шампион на Украина. Едно е извесно, Руската фудбалска федерација ќе го финансира  клубот кој ќе остане на Крим, а Украинците го штитат тимот кој сакаат да го преселат во Кершон.
5 октомври 2015 - 10:42