Извлечени групите за ЛШ

Златан и Мурињо против своите, Јуве против Сити

Во петтото учество за нив во Лигата на шампионите, Динамо Загреб ќе игра против Баерн Минхен, Арсенал и Олимпијакос.

32 тима  од 4 шеширисе групираа во 8 групи. УЕФА од годинава реши во првиот шешир да не бидат шампионите на своите држави, а новост е и тоа што во иста група не можеа да се паднат екипи од Русија и Украина.

За прв пат во историјата една земја ќе има дури пет претставници во Лигата на шампионите. Шпанија ќе ја претставуваат: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија. Ждрепката ја влечеа Паоло Малдини, Хавиер Занети, Ерик Абидал, Карлес Пујол, Жулиан Белети и Антони Зубизарета. Најголемо изненадување во овогодишната ЛШ е казахстанскиот тим Астана кој за првпат ќе игра во групната фаза откако го елиминираше кипарскиот АПОЕЛ. Астана е основана во 2009. година а лани ја освои првата титула во Казахстан.

Севиља е првата екипа што по освојувањето на Лига Европа, обезбеди директен пласман во ЛШ сезонава.

Групите за Лига на шампиони:

А: ПСЖ, Реал Мадрид, Шахтјар Донетцк, Малме.
Б: ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, ЦСКА Москва, Волфсбург.
Ц: Бенфика, Атлетико Мадрид, Галатасарај, Астана.
Д: Јувентус, Манчестер Сити, Севиља, Борусија Менхенгладбах.
Е: Барселона, Баер Леверкузен, Рома, Бате Борисов.
Ф: Баерн Минхен, Арсенал, Олимпијакос, Динамо Загреб.
Г: Челси, Порто, Динамо Киев, Макаби.
Х: Зенит, Валенсија, Лион, Гент.

27 август 2015 - 18:39