Хитот на македонскиот ракомет кој го поправи пласманот од минатата сезона во Лигата на шапионите, немаше сили за сензација и пласман во фајнлфорот. Со убедлив пораз од полски Киелце и во вториот четвртфинален меч од 26:15, ракометарите на Лино Червар ги завршуваат настапите во најелитната ракометна лига.
Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.
Луис Суарез беше во центарот на вниманието со израмнувачкиот гол во 97-та минута против Челси, но и со гризнувањето на Ивановиќ со што ги поттикна кладилниците да ја зголемат нивната понуда со неколку интересни опции за кладење поврзани со неговото име.
Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.
Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.
Пред почетокот, но и во текот на целата сезона, кладилниците сметаа дека Барселона е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, но го сменија своето мислење по извлекувањето на полуфиналните парови. Сега фаворити се Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед, ја освои јубилејната 20-та титула. „Црвените ѓаволи" ја потврдија моменталната доминација во англискиот фудбал обезбедувајќи ја титулата на 4 кола пред крајот на сезоната со победата над Астон Вила.
Во наредните два дена фудбалска Европа ги нуди двете големи полуфинални битки од ЛШ, во кои Баерн и Борусија Дортмунд на првите дуели им се домаќини на Барселона и Реал Мадрид. Погледнете ги какви се привилегиите на германските навивачи во однос на шпанските.
Фудбалерите на Јувентус не само што ги израдуваа своите навивачи со победата над Милан, туку и им донесоа најмногу пари на обложувачите во Спортлајф овој викенд, а најчесто тикетите завршуваа во канта заради шпански екипи.
Љубителите на фудбалот кои не ја сакаат Барселона, особено навивачите на Реал Мадрид, често пати знаат да кажат дека Каталонците претеруваат со "тики-така" играта и дека не можат да победат без Лионел Меси. Оваа статистика ќе им ја побие тезата.
Со победата од 1:0 во 30-то коло во германската „Цвајта", еден од основоположниците на фудбалот во Германија, екипата на Херта од Берлин обезбеди пласман во елитата.
Иако големата четвртфинална битка во првото полувреме мина во знакот на Металург кој беше постојано во водство, ракометарите на Киелце со пресврт во вториот дел ја демонстрираа фаворитската улога и славеа со 27:25.
Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.
Почитувани љубители на градинарството и градинарските култури! Во оваа прилика, воден од само мене познати мотиви, се решив... да ја споделам со Вас оваа листа... предноста е.. што може да ја проширувам и лицкам кога сакам, како сакам, и со што ќе ми текне...