Веднаш по натпреварот Суарез му се извини на Ивановиќ и изјави дека ќе прифати суспензија од Фудбалската асоцијација на Англија, но не поголема од 3 натпревари.
Ова не е прв ваков инцидент за Уругваецот. Додека го носеше дресот на Ајакс, тој го гризна фудбалерот на ПСВ, Отман Бакал и за овој негов испад тој заработи суспензија од 7 натпревари.
Во дресот на Ливерпул тој беше суспендиран на 8 натпревари и плати казна од 40.000 фунти за расистичките навреди на Евра во 2011-та година, па многумина веруваат дека овој пат ни челниците на Ливерпул нема да му простат и можеби натпреварот со Челси беше негов последен во црвениот дрес.
Медиумите веднаш го ставија Суарез на своите насловни страни, а тој стана главен и во понудите на кладилниците.
Според клаилниците, големи се шансите дека тој ќе заработи долга суспенција. Коефициентот за суспензија од 7 или повеќе натпревари изнесува 2,1. За суспензија од 4 до 6 натпревари, коефициентот е 2,75 а за 3 или помалку натпревари коефициентот е 3,2.
Медиумите шпекулираат дека челниците на Ливерпул веќе не го поддржуваат, а некои уредници преку своите страници им порачаа и дека треба да се ослободат од Уругваецот. Но кладилниците не веруваат дека тој би можел веднаш да си замине. Коефициентот дека тој повеќе нема да одигра ниту еден натпревар за Ливерпул е 3, наспроти 1,33 за опцијата дека тој повторно ќе игра за „црвените".
Доколку ова лето го напушти Ливерпул, според кладилниците, најголеми се шансите тој да прејде во Баерн Минхен. Коефициентот на Баерн е 4,5 а следат Манчестер Сити со 6, Реал Мадрид со 9 и Јувентус и ПСЖ со коефициент 13.
Ако сте љубител на долгорочни опклади, можете да вложите пари и на тоа дека пред 2016-та година Луис Суарез ќе заработи доживотна забрана да игра фудбал во било кое натпреварување на ФИФА и УЕФА. Коефициентот за оваа опција изнесува 34.
Разгледајте ја и понудата од билтенот на Спортлајф обложувалниците: