Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 500гр. несолена урда
- 50гр. шеќер во прав
- 50мл. ликер од кафе
- 80гр. чоколадо за готвење, рендано
- 3 готови пандишпани за торта
- 100мл. еспресо, изладено
- рендано чоколадо за декорација
Прелив
- 1 лажица какао
- 1 лажичка путер
- 1 1/2 лажици млеко
- 70гр. шеќер во прав
Подготовка
Со миксер изматете ги во длабок сад урдата, 50гр. шеќер во прав и ликер од кафе. Матете ги околу 2 минути додека добиете мазна смеса. Додадете го чоколадото и добро промешајте.
Во чинија за сервирањ поставете го првиот пандишпан. Премачкајте го со 1/3 од кафето. Премачкајте го со половина од кремот од урда и чоколадо. Потоа поставете го вториот слој пандишпан. Премачкајте го со 1/3 од кафето и филувајте го со остатокот од кремот.
На крај последниот пандишпан премачкајте го со остатокот од кафето. Поставете го врз кремот со премачканата страна.
Во сад измешајте го остатокот од шеќерот во прав и какао. Додадете путер и млеко и добро измешајте додека да се соединат. Со преливот намачкајте ја тортата.
Оставете ја да одстои во фрижидер 1 час пред да ја сечете.
Сериврајте ја тортата со рендано чоколадо.
На здравје!