Јувентус донесе пари, Шпанците потфрлија

Фудбалерите на Јувентус не само што ги израдуваа своите навивачи со победата над Милан, туку и им донесоа најмногу пари на обложувачите во Спортлајф овој викенд, а најчесто тикетите завршуваа во канта заради шпански екипи.

ПОГОДЕНИ

Јувентус - Милан (резултат 1:0) - тип: 1 (коеф. 1.80)
Во дуелот помеѓу најголемите италијански екипи, Јувентус го победи Милан и се доближи до Скудетото. Голем број на обложувачи во Спортлајф го имаа кецот на своите тикети, а ги израдува Видал кој од белата точка во 57-та минута го постигна единствениот погодок на не многу интересното дерби.

Ливерпул - Челси (резултат 2:2) - тип: ГГ & 3+ (коеф. 2.00)
Ретки беа оние кои на своите тикети имаа храброст да пишат конечен тип, но затоа пак сите очекуваа многу голови на враќањето на Бенитез во Ливерпул и тоа и се случи. Ливерпул и Челси одиграа интересен натпревар со 4 погодоци, а конечниот резултат го постави канибалот Суарез дури во 97-та минута.

Наполи - Каљари (резултат 3:2) - тип: 1 (коеф. 1.45)
Минатиот викенд Наполи и Пандев разочараа многу обложувачи откако му земаа бод на Милан, а ова коло тие режираа еден трилер натпревар кој на крајот заврши според очекувањата. По пресвртот и новото израмнување во второто полувреме, херој на натпреварот беше Инсиње кој стрелаше во 4-та минута од судиското продолжение.

Освен овие натпревари, викендов многу често на тикетите во Спортлајф беа заокружувани и победите на Арсенал на гостувањето кај Фулам и рутинската победа на ПСЖ против Ница.

ПРОМАШЕНИ

Севиља - Атлетико Мадрид (резултат 0:1) - тип: ГГ & 3+ (коеф. 2.30)
Наместо интересно дерби со многу погодоци, Севиља и Атлетико Мадрид одиграа здодевен натпревар кој на крајот го добија гостите и тоа со гол на Фалкао по сомнителна акција во која Суарез играше со рака.

Мајорка - Рајо Ваљекано (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 2.30)
Екипата на Мајорка не само што не успеа да го совлада Рајо Ваљекано, туку во второто полувреме беа блиску до пораз, па мораа да се задоволат само со бод и пад во опасната зона.

Нирнберг - Гројтер Фирт (резултат 0:1) - тип: 1 (коеф. 1.75)
Сигурно никој не се надеваше дека фенерџијата од Бундеслигата ќе успее да слави и тоа на гостински терен, но фудбалерите на Нирнберг во текот на натпреварот не реализираа ниту еден од 17 удари кон противничкиот гол и приредија големо изненадување.

Покрај овие натпревари, многу тикети викендов беа искинати и заради киксот на Рома против Пескара, како и ремито на Депортиво со Атлетик Билбао.


Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

22 април 2013 - 15:02