Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 400гр. црни патлиџани, пресечени на тенки парчиња
- 70мл. маслиново масло
- 4 говедски шницли
- 200гр. салца од домати
- 1 кромид, ситно сецкан
- босилек
- сол и бибер
- 200гр. рендан пармезан
- 400гр. таљатели како прилог
Подготовка
Пржете ги модрите патлиџани во тава со малку масло на силен оган. Пржете ги по 4 минути од секоја страна.
Зачинете ги говедските шницли. Загрејте 2 лажици масло на силен оган и испржете ги шницлите по 1 минута од секоја страна за да добијат златно жолта боја.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во огноотпорен сад наредете ги половина од модрите патлиџани. Врз нив наредете ги шницлите.Врз нив додадете ги останатите модри патлиџани. Во сад добро измешајте ја доматната салца со ситно сецкан кромид и зачинете ја со босилек, сол и бибер. Овој сос додадете го во тавата врз модрите патлиџани. На крај додадете го ренданиот пармезан.
Печете ги шницлите 10 минути. Во меѓувреме сварете ги таљателите во тенџере со вода и сол. Процедете ги тестенините и послужете ги веднаш со печените шницли.
На здравје!