
Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
12 парчиња
Состојки
- 4 лажици маслиново масло
- 2 чешниња лук, исецкан
- прстофат буковец
- сол и бибер
- 250ге. чери домати, преполовени
- 600мл. доматна салца
- 60мл. вински оцет
- 2 тиквици, исечени на тенки парчиња по должина
- 6 парчиња стар леб, пресечени на половинки
- 120гр. сирење по желба (препорачуваме козјо)
Подготовка
Загрејте масло во тава на среден оган. Испржете го лукот со прстофат буковец околу 30 секунди. Додадете ги чери доматите и доматната салца. Зачинете со сол и бибер.
Гответе ги 5-6 минути со мешање. Додадете го оцетот. Добро промешајте и тргнете го сосот на страна да се лади.
Загрејте малку масло на тава на силен оган. Испечете ги тиквиците по 2 минути од секоја страна.
Премачкајте ги парчињата леб со малку масло и печете ги во истата тава додека да се загреат и малку потпечат. Ставете по една лажица од сосот и додадете тиквица и изронето сирење.
Послужете ги брускетите топли.
На здравје!