Чорби

Говедска чорба

Вкусна чорба со мешан зеленлук и јачмен.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
2ч. 15 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 500гр. говедско месо, крупно сецкано
  • 2 моркови, излупени и ситно сецкани
  • 2 главици целер, ситно сецкан
  • 1 главица кромид, сецкан
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички рузмарин
  • 500мл. говедска супа од коцка
  • 80гр. јачмен
  • 2 ливчиња ловор
  • 400гр. домати, ситно сецкани
  • 300гр. сладок компир, исецкан на коцки

Подготовка

Загрејте во голема длабока тава половина лажица масло на силен оган. Пропржете го месото 2-3 минути, додека добие кафеава боја. Префрлете го во чинија.
Загрејте го остатокот од маслото во тавата. Пржете ги морковот, целер и кромид 8 минути. Додадете лук и рузмарин и пржете ги уште една минута. Вратете го говедското месо во тавата.
Додадете ја сварената супа од коцка, јачменот и листови ловор. Покријте ја тавата и оставете ја чорбата да зоврие. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ја уште 1 и 1/2 ч. Додадете ги доматите и сладок компир. Варете ја чорбата уште 30мин.
Послужете ја чорбата зачинета со бибер по вкус.

18 април 2013 - 07:00