Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
16 парчиња
Состојки
- 150гр. путер
- 300гр. темно чоколадо, искршено на коцки
- 2 лажици мед
- 1 лажица бренди (по желба)
- 100гр. чајни бисквити без прелив
- 150 гр. сецкани лешници
- 150гр. фстаци
- 5 уви смокви, ситно сецкани
- 100гр. замрзнати цреши
- какао
Подготовка
Намрсете тавче и обложете го со хартија за печење.
Во средна тава измешајте ги путерот, чоколадо, мед и бренди на среден оган. Гответе ги 10 минути додека да се добие изедначена смеса.
Искршете ги бисквитите на мали парчиња. Ставете ги во длабок сад. Додадете лешници, фстаци, смокви и цреши. Додадете ја чоколадната смеса и промешајте. Префрлете ја смесата во тавчето. Притиснете ја смесата со лажица за рамномерно да се распредели.
Покријте ја тавата со хартија за печење. Оставете го десертот во фрижидер преку ноќ. Пред сервирање исечете го на коцки и наросете какао.