Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажички рузмарин
- 4 лажици сецкан магдонос
- 600гр. мелено говедско месо
- 1/2 лажичка буковец
- 2 лажици доматно пире
- 1 јајце
- 250гр. чери домати преполовени
- 8 парчиња чиабата леб
- 80гр. рендан пармезан
- масло
- сол и бибер
Сос
- 750мл. домати од конзерва (пелати)
- 1 лажичка кафеав шеќер
- 2 лажичка вински оцет
Подготовка
Исецкајте го лукот во блендер заедно со пршутата, рузмарин и магдонос. Потоа измешајте ги во длабок сад со меленото месо, буковец, јајце и доматно пире. Добро замесете ги со раце за да добиете изедначена смеса.
Формирајте од смесата ќофтиња и оставете ги да се изладат во фрижидер 30 мин.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Загрејте масло во тава на силен оган и пржете ги ќофтињата по 4-5 минути додека да добијат кафеава боја.
Префрлете ги во плех заедно со чери доматите зачинети со масло, сол и бибер. Печете ги 10 минути.
Во меѓувреме во тенџере загрејте ги доматите од конзерва заедно со шеќер и оцет. Промешајте за да добиете изедначен сос.
Во длабок сад измешајте ги ќофтињата и печените чери домати во приготвениот сос.
Печете ги чиабата лепчињата на загреан тост заедно со ситно сецкан лук.
Послужете ги ќофтињата во сос на тост лепчињата декорирани со пармезан и магдонос.