Почитувани љубители на градинарството и градинарските култури. Во оваа прилика, воден од само мене познати мотиви, се решив, и верувам дека донесов исправна одлука, да ја споделам со Вас оваа листа. Таа малку шеташе по faciem liber (фб), но ова е дополнето издание, и содржи 70 нови единици. Со оглед на тоа дека јазикот е жива работа, и како таков подлежи на постојани промени, верувам оти ќе Ви биде од полза и Вам. Бидете модерни. Значи, насловот ѝ е:
Современ превод на народни имиња и изрази со зборови и синтагми од новото ни време и новиот ни век
1. Бубрег во лој – нотар
2. мува не го лази – кулира
3. Славеј пиле – Ортопедски завод
4. Сокол пиле – градоначалник на Ѓорче
5. Домазет – има слика, нема тон
6. Лута змија – Што ја оженил некој постар и си остаил првата жена и децата
7. Биљбиљ пее по планина – В. Лозаноски отишол на Водно
8. Моме седи во градина – Есма си полева цвеќињата низ двор
9. Царштина - Империја
10. Малој моме – Ноне
11. Трчилаж – портпарол, адвокат, бизнисмен, уредник...
12. безобразник – сератор
13. млеко од биолица – млеко од „Виталиа"
14. чашка муабет – запивање
15. маанџија – критичар
16. здодевно - тапа
17. глупав, а, о – дунстер, тапа, ѓон, кокошка, морон
18. Црн Петко – 11-ти септември
19. гранапче – мини-маркет
20. кафанџија - угостител
21. од сите вери надвор – член на регулаторна комисија
22. ќелеш – пубертетлија
23. не се бели мори се црви – немој да одиш госпоѓо во бјути салон
24. изведува бесни глисти – импровизира
25. мечка игра оро – возрасна жена отишла на техно
26. со чисти раце – уште не го фатиле да краде
27. земјо моја – асфалту мој
28. родна грутка – болнички кревет на породилно
29. нива – руски џип
30. око соколово – микроскоп
31. глутница волци – мото-крос
32. дембел – инертен
33. сончоглед – опортунистичко растение
34. црна овца – неконформист
35. накриво моча – не ги задоволува стандардите на ЕК
36. милој либе – мила женска од Германија
37. празна слама – предизборни ветувања
38. од три страни сонце грее - Србија, Бугарија, Албанија
39. од четврта месечина - Хелас, јужен сосед
40. лаж и паралаж - западна дипломатија
41. јунак до јунака - плоштад Македонија
42. на ти чиче бонбонче - датум за преговори
43. Насрадин Оџа - специјален пратеник на ЕУ за Македонија
44. верна љуба - (фолклор, не постои)
45. роди бабо дете - ин витро, вештачко оплодување
46. летка - флаер
47. Мусо Кесеџија - ММФ и Светска Банка
48. човек-птица - параглајдерист
49. хатишериф - рамковен договор
50. пискотници се слушаат - штрајк, протести пред Влада
51. ни лук јал ни лук мирисал - немат макало
52. и волкот сит и овците на број - волците во зоолошка ги хранат со шницли од соја
53. глава-шиник - глава-телевизор(од старите, со катодна цевка)
54. брза коња - велосипед со алуминумска рамка, тркачки
55. бесна кобила - височка женска со штикли 12-ка, игра оро на свадба
56. муфљуз - кандидат за лустрација
57. образ да обели - да стави пудра
58. мајтапење - фолирање
59. не ме глеј вака, види ме на слика - билборд
60. зулумќар - криминалец, куче што краде кондури по комшии
61. кодош - лојален граѓанин кој само си ја врши должноста
62. неранимајко - син/ќерка што си го носи родителот во старски дом
63. скина конци - му снемало интернет
64. Луда Мара - откачена женска
65. ајвандоктор – ветеринар
66. белолице - депилирана
67. тенка става - анорексична
68. руси коси - бланширана
69. Мариовци - фолклор, не постои, потомците се прилепија Прилеп, Скопје...
70. врана коња - црн џип од новите
71. црна чума- СИДА, свински грип, ХПВ итн.
72. токмак – говорете македонски
73. Дете Голомеше - клошар
74. верни побратими – најбољи другари
75. аскер најсилен – НАТО
76. сретсело– центар, даунтаун
77. оро сретсело – техно-рејв забава
78. биљбиљ– канаринец
79. стар прч – успешен бизнисмен со втора жена
80. ороспија- втората жена
81. калаштура – можната трета жена
82. кмет- градоначалник
83. бакалница- Тинекс, Веро, Рамстор...
84. Болен Дојчин – рековалесцент
85. чифте – двоцевка, бисексуалец(-ка)
86. чифте амам – СПА центар, со сауна
87. еким - општ лекар
88. цар на векот - фриленсер што му оди
89. верни слуга - амбициозен член на политичка партија
90. турли,турли јадења - шведска маса
91. од пиле млеко - ол инклузив
92. газ преку глава – пивофест
93. камен пијан – пациент на токсикологија
94. чирак– приправник
95. пезевенк– консалтинг егзекјутив
96. бербер– стилист
97. берберина– женски фризер
98. гајтан вејџи – ластајца (на пр. Фрида Кало, заб.автор)
99. учен човек – Пиејџди
100. млади моми – матурантки
101. ергени– матуранти и студенти
102. млада невеста – девојка што се мажи пред 31
103. стара мома – немажена, а над 50
104. Павле Плетикоса - Дадар, Сергеј, Бушко (мошне вешт машки фризер од Автокоманда)
105. ептен учен човек – Доктор на втори постдокторски
106. влакно во јајце – нема ИСО стандарди
107. ќелеш– вработен во држ. администрација
108. свита– кабинет на министерот
109. стари коски – геријатрија
110. гемиџиja – терорист
111. стаорец– банкар
112. бела книга – дисплеј
113. црно писмо – тастатура
114. Итар Пејо – Лилјакот, Трендо, Миле Паника...
115. бело крпче – тоалет хартија
116. Црна Арапина – Бин Ладен, Осама; атлетичарот Рудиша
117. стари дедо – пензионер
118. Насрадин Оџа – претседател на Р Турција
119. Печалбари– Македонска дијаспора
120. Туѓина– прекуокеански земји
121. Туѓината пуста да остане – Не се враќам Кенада
122. Дуња Ѓузели – Мис на Македонија и Турција
123. Сирма војвода – Мирка Велиновска, Илинка Митрева, Г-ѓа Јагнула итн.
124. бела мачка не гледа – блекаут
125. кесеџија – инкасант
126. Женски Петко – метросексуалец
127. машкуданка – феминист
128. криви краставици - без добивка
129. секој петок урда јадеш - порно
130. Гол гас - Лукоил
131. Гола вода - тезата е неодржлива
132. Лук и вода - слаби аргументи
133. До гледање - Е, ај
134. Kрали Марко - Чак Норис
135. Ќелешот - Хомер Симпсон
136. Змија отровница - Ферхунде
137. коркач - фуфкаџија
138. мафта со опашот - кокета
139. Цар Тројан - мутант
140. Стојаноица - Стојанов
141. сабја-дамасклија - грицкалица за нокти
И така натаму, и натаму така... предноста на градинарството, сфатено како широко поле за натпревар со самиот себе, е тоа што листава може да си ја проширувам и лицкам кога сакам, како сакам, и со што ќе ми текне... така што... во најскоро време очекувајте таа да биде апдејтирана и ажурирана, впрочем. Е, ај.
Тихомир