Бисквити

Овесни колачи

Вкусни и лесни бисквит колачи.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 300гр. овесни снегулки
  • 300гр. кокос
  • 300гр. брашно
  • 200гр. кафеав шеќер
  • 185гр. путер
  • 2 лажици мед
  • 1 1/2 лажички сода бикарбона

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех со хартија за печење.
Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки со кокос, брашно и шеќер.
Во тенџере измешајте го путерот, медот и 50мл. вода. Загрете ги на рингла на среден оган. Мешајте 4-5 минути додека да се растопи путерот. Трггнете ја смесата од рингла, додадете сода бикарбона и измешајте ја со овесот и брашното.
Замесете тесто и од него формирајте 12 топки. Наредете ги топките во плехот на раздалеченост од 10 см. Со дланката благо сплескајте ги топките за да добијат форма на бисквити.
Печете ги во загреаната рерна 20 минути. Послужете ги колачите одкако ќе се изладат.
На здравје!

26 април 2013 - 20:53