Потребни состојки:
- јајца 4
- кисела вода 200мл
- р‘жено брашно 200гр
- блитва 12 брикетки
- прашак за пециво
- маслиново масло 30мл
- сол
- сусам
Овие мафини се единствените што ги сликав на раат. Ги спремив уште вечерта за да ги јадам сабајлето за доручек. Се останато што спремам и го сликам, го јадам камен ладно! :)
Не очекував дека се толку вкусни, да не кажам превкусни. Се двоумев дали со спанаќ или блитва, но блитвата ја имав во фрижидер и она победи. Ми текна да ги правам вечерта во 22ч. Едвај дочекав да се разбудам и да ги пробам. Пре-вкус-ни!
Чекори за подготовка:
- Ставете ја блитвата во врела вода за да се одмрзне. Префрлете ја во цедалка и поминете ја со ладна вода. Исцедете ја убаво и исецкајте ја на ситни парчиња.
- Во пластичен сад за матење ставете ги јајцата и со миксер матете околу 4-5 минути. Треба да добиете кремаста смеса. Додадете го прашакот за пециво и ставете сол по ваш вкус. Јас бидејќи користам крупна и ја мелам, мелницата ја свртев 4-5 пати. Проматете уште малку.
- Го тргате миксерот на страна и ја додавате блитвата, киселата вода, маслото, сусам 2-3 лажици и сето тоа ќе го промешате со лажица. Додавејте го брашното малку по малку и продолжете со мешањето.
- Земете го калапот за мафини, јас имам онаков за 12 мафини и точно ми ја собра смесата. Намачкајте ги дупките со путер и распределете ја смесата.
- Печетена 200 степени 30-40 минути.