Основни рецепти

Тестенини во доматен сос со хопла

ОСновен рецепт за доматен сос за тестенини.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 100мл. бело вино
  • 60мл. хопла
  • 125гр. чери домати пресечени на половинки
  • 1 лажичка оригано
  • сварени тестенини по желба (препорачуваме њоки)
  • свежа зелена салата како прилог

Основен доматен сос

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситено сецкан
  • 2 чешниња лук, сецкан
  • 2 лажици доматно пире
  • 800гр. домати, излупени и исецкани на ситни парчиња
  • 2-3 лажици ситно сецкан свеж босилек

Подготовка

Основен сос од домати
Загрејте масло во тава на среден оган. Пржете ги кромидот и лукот со повремено мешање 5 минути. Додадете 2 лажици доматно пире промешајте и гответе уште 1 минута.
Додадете ги доматите. Кога смесата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата. Гответе го сосот 15 минути. На крај додадете босилек.

За денешниот рецепт во основниот доматен сос додадете во сосот бело вино и гответе го уште 2 минути.
Потоа додадете хопла и чери домати и продолжете со готвење уште 5 минути. Додадете оригано и промешајте.
Сервирајте го сосот со тестенини по желба и свежа салата како прилог.

19 април 2013 - 09:45