
По само една година пауза, Херта се враќа во Бундеслигата. Од следната сезона тимот од Берлин повторно ќе биде помеѓу најдобрите во Германија.
Германската „стара дама", тимот кој е оформен во 1892-та година и е еден од основачите на германската фудбалска асоцијација во 1900-та година, со минималната победа над Сандхаузен на 4 кола пред крај си обезбеди недостижна предност и осигура пласман на една од првите 2 позиции во „Цвајта" лигата.
Херта Берлин има шампионски титули од 1931-та и 1932-та година, а го освојуваше и германскиот Лига Куп во 2001-та и 2002-та година. Ова е 6-ти пат како Херта се враќа во Бундеслигата.