Точно е дека малото човече од Аргентина "ги згази" сите противници во Премиера и оваа сезона постигна гол против сите 19 клубови од шпанското првенство, но анализите покажуваат еден занимлив податок, дека Барселона практично нема пораз во последните 3 сезони без негово присуство.
Иако четирикратниот освојувач на „Златната топка" последниве 3 сезони ги игра како во бајките и на сите натпреварувања има постигнато 183 гола, бројка која може да ја зголеми до крајот на оваа сезона, Барселона без Меси на последните 17 натпревари има 16 победи и само едно реми.
Во првенството во сезоната 2010/2011, Меси поради повреда мораше да ги пропушти натпреварите против Спортинг Хихон и Атлетик Билбао, но Барса победи и на двата меча. Наредната сезона пропушти само еден меч во „Ла Лига“ поради повреда, но Каталонците славеа и без него.
Оваа сезона не беше во можност да настапи на последните 3 првенствени натпревари, но Барса од нив освои максимални 9 бода. Ја победи Мајорка со 5:0, потоа Сарагоса на гости со 3:0 и овој викенд против Леванте со 1:0. Ова е листата на натпревари во последните 3 сезони, на кои не настапил најдобиот играч на планетата, но тоа воопшто не влијаело врз конечните резултати.
2010/2011
Барселона – Спортинг 1:0 (првенство)
Атлетик Билбао - Барселона 1:3 (првенство)
Кеута – Барселона 0:2 (Куп)
Барселона – Леванте 2:1 (првенство)
Алмерија – Барселона 0:3 (Куп)
Барселона - Депортивно 0:0 (првенство)
Малага – Барселона 1:3 (првенство)
2011/2012
Хоспиталет – Барселона 0:1 (Куп)
Барселона – БАТЕ Борисов 4:0 (Лига на шампиони)
Барселона – Хоспиталет 9:0 (Куп)
Барселона – Спортинг 3:1 (првенство)
2012/2013
Алава - Барселона 0:3 (Куп)
Барселона - Алава Куп 3:1 (Куп)
Барселона – Кордоба 5:0 (Куп)
Барселона – Мајорка 5:0 (првенство)
Сарагоса – Барселона 0:3 (првенство)
Барселона – Леванте 1:0 (првенство)