Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.
Далиќ синоќа изненади кога реши од игра да ги извади Модриќ, Перишиќ и Ковачиќ. Ама затоа тука е Брозовиќ, моторот на селекцијата на Хрватска кој сруши мундијалски рекорд по број на истрчани километри, поставен знаете ли од кој? Брозовиќ.
Веќе по кој знае кој пат изминативе сезони, без разлика на составот и тренерот, Јунајтед демонстрира нова резултатска и играчка беда, каквa што не можеше да се замисли во времето на Фергусон. А држат мега ѕвезда на клупа која на 37 години ја товат со преку 600.000 евра неделно. Н Е Д Е Л Н О.
Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.
Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.
Само некој кој прв пат фаќа топка во живот е разбирливо вака да одигра на празен гол, сè друго е несфатливо. Патарушкава игра за Португалија прва лига за тимот на Тондела и се вика Рафаел Барбоза. Замисли на спортска те зезне ради ова?
Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.
Феноменот со брзо лизгање во Холандија. Најуспешна нација која има апсолутна власт во овој спорт на големите европски, светски првенства и Олимписки игри. Како?
После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
Енфилд Роуд во вторникот донесе огромна возбуда за навивачите на Ливерпул, кој успеа да стигне до посакуваната победа против незгодниот Наполи, вредна осминафинале. Сите беа во транс, па дури и оние кои не можат целосно да го доживеат моментот.
Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.
350 километри поминати на ден, 19 часа на велосипед, 5 часа во кревет, без придружба, на високи летни температури кои паднале до 5 степени, ама 13 дена по ред. Некој може ова само да го замисли, а на Игор му успеа без проблем, освен трите дупнати гуми, што е и нормално на толку возење.
Подигнувањето на Златниот пехар на Французите беше и еден вид потсетување на Мундијалот пред 20 години, кога легендарната генерација предводена од велемајсторот ЗиЗу за прв го достигна тронот. И тогаш имаа страшен состав, а Дешамп држеше среден ред.
Да, Исланѓаните многу сакаат фудбал и скоро цела земја остана пуста откако илјадници од нив отпатувале во Русија на Светското. Ама она што го прават луѓето од Перу за својата фудбалска репрезентација се коси со здрав разум и е лудо.
Со помош на трендови, статистики и шаблони од минатите турнири, БиБиСи елиминираше 31 земја и донесе заклучок кој ќе биде крунисан како Светски првак. Ако шемава им се покаже како точна, прв пат ќе и биде на оваа земја со пехарот в раце.
Кошарката е традиционално спорт број еден во Литванија, земја која редовно игра на завршниците од Светските и Европските првенства, а овојпат првпат после 1999-та кога даде шампион во Евролигата, ќе има претставник на Фајнал Фор.
Како млад уште додека играл за Малме, Златан Ибрахимовиќ во својата соба имал постери од својот идол Бразилецот Роналдо. Низ кариерата Ибра често зборуваше дека за него најдобар фудбалер на сите времиња е Рони. Поминаа 20 и кусур години а Рони дојде на гости кај Златан во Лос Анџелес и му посака среќа.
Пред 25 години во Бреша дебитираше најважната 10-ка во историјата на Рома, за многумина најдобар италијански фудбалер на сите времиња. Газета дело Спорт до детали го опишува тој историски ден за Серија А од едно друго време кога уште не постоеше Гугл.
Само е прашање на време кога претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе се ракува со милионерите од Париз, Мадрид или Манчестер за успешно завршена зделка за детето кое седеше на клупа во новосадска Војводина а од кого Римјаните направија ѕвер.
А треба да биде премногу дрзок да ја одбие и таа понуда - фактички последна шанса да ја заврши кариерата достојно, а не во Лига Европа. Но, којзнае, можеби и Арсен ја слушнал приказната дека со Флорентино е убаво да се дружиш, но не и да работиш.
Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.