Кој е српскиот магнат кој го купи англискиот клуб Саутемптон?

После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.

Драган Шолак, новиот сопственик на Саутемптон

Во англиската Премиер лига има неочекуван тренд: сопственици на клубови стануваат бизнисмени од не баш најбогатите земји од Источна Европа. Во ноември 27% од акциите на Вест Хем (со можност за уште поголем контролен пакет) купи Чехот Даниел Кршетински.

А на почетокот на 2022 година 80% од акциите во Саутемптон ги купил конзорциумот Sport Republic. Во него влегуваат поранешниот спортски директор на Брентфорд Расмус Анкерсен, британскиот инвеститор Хенрик Крафт и главното лице на зделката медиумскиот магнат од Србија Драган Шолак кој влегол со 100 милиони фунти.

До сега воглавно парите од Источна Европа вложени во Премиер лига беа исклучително од Русија: Роман Абрамович со Челси, Алишер Усманов во Арсенал (преку својот партнер Фархад Мошири и во Евертон), Максим Демин во Борнмут, Антон Зингаревич во Рединг итн.

Но треба да се напомене и дека последната руска зделка во англискиот фудбал беше пред 10-ина години назад. А со оглед на политичката и финансиска ситација околу Русија, малку е веројатно дека во блиска иднина ќе има нови купувања.

Недостигот на нови гиганти од Русија неочекувано го пополнија инвеститори од Источна Европа.

Нивната мотивација е иста како и кај Роман Абрамовиќ во 2003-та: купувања на премиерлигаш не е толку деловна инвестиција колку што е влез во британските бизнис елити како и меѓу политичкиот и културен естаблишмент.

Без клубови овие магнати се „ноу нејм“ за Британија, а големите богатства заработени во земји со не баш најтранспарентен систем поставуваат прашања за потеклото и чистотата на овие пари. Секоја историја е индивидуална.

Новиот ко-сопственик на Вест Хем, Чехот Кршетински пред да купи акции во клубот, имал сериозни финансиски потфати, го купил францускиот весник Le Monde, па и британскиот национален поштенски сервис Royal Mail. Но потеклото на неговиот капитал е доволно транспарентно - тој имал многу успешни и среќни инвестиции со акции во европската енерегетика.

ДРАГАН ШОЛАК ЗАРАБОТИЛ ВО ВОЈНАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, МУ ПОМОГНАЛЕ АМЕРИКАНСКИ ПАРИ

Името на новиот сопственик на Саутемптон Драган Шолак до 2016-та година беше практично непознато дури и во Србија. Во последните неколку години го активираше претседателот на оваа земја Александар Вучиќ кој речиси на секоја негова прес-конференција вели дека зад обидите да се сруши неговата власт, стојат Драган Ѓилас (некогашен градоначалник на Белград, поранешен претседател на Демократска странка и сегашен претседател на партијата Слобода и правда) и Драган Шолак.

Јавноста во Србија речиси никогаш никаде не го видела Шолак, туку го слуша само од настапите на провладините перјаници кои во него покажуваат со прст дека сака да го руши Вучиќ.

Неговата бизнис историја исплива на видело откако словенечкиот весник Delo во соработка со меѓународен конзорциум новинари-истражувачи OCCRP објави детален текст посветен на историјата и конфузната сопственичка структура на United Group, најголемиот медиски холдинг во земјите од поранешна Југославија, во која Шолак се смета за генерален директор.

Но испаднало посложено од тоа.

Драган Шолак почнал бизнис-кариера во 1990-те години (татко му Његош Шолак од 1990 до 1993 бил декан на Екононскиот факултет во Крагујевац). Во услови на војна во поранешна Југославија, кога режимот на Слободан Милошевиќ водел пропаганда преку сите средства, се барале независни кабловски мрежи каде би можело да се погледнат најнови холивудски филмови, да се дознаат вести кои се разликуваат од оние на државните канали.

Во тоа време до 70% од домаќинствата во Србија имале пристап до кабловски канали, додека во соседна Хрватска нивната покриеност не преминувала 30%.

Шолак тогаш на илегална берза во Будимпешта купувал пиратски копии на најнови филмови и ги продавал на кабловски мрежи и видео дилери во својата земја. Во 2000-та, неколку месеци по бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО, тој организирал и сопствен кабловски ТВ Канал КДС во родниот Крагујевац, град со околу 200.000 жители.

Тоа бил мал локален бизнис, но неколку години подоцна, неупадливата компанија на Драган Шолак почнала да добива финансиски инjекции од американски и европски институции.

Неговата кабловска мрежа KDS е преименувана во Serbia Broadband (SBB). Во 2002 добил 10 милиони долари капитал од Southeastern Europe Equity Fund (SEEF), фонд со кој управува американскиот милијардер Џорџ Сорош.

Две години подоцна, 15 милиони долари му стигнале од Европската банка за обнова и развој, со цел да се промовира пазарна економија и демократија во источна Европа во периодот на транзиција. 

25 милиони долари за пост-воена Србија биле огромни пари, доволни за SBB на Шолак да почне да купува медиуми, а набрзо и телекомуникации во земјите од поранешна Југославија. Притоа, како што приметуваат новинарите на словенечки Delo, улогата на Шолак во процесот била извршен технички директор на компанијата, а Европската банка за развој се сметала за сопственик што подоцна се испоставило дека не било баш така.

До 2013 никој не можел да ги замисли размерите на империјата која што ја создал Шолак: неговиот холдинг имал исклучително разгранета и замрсена структура во повеќе од сто компании регистрирани во голем број јурисдикции: Холандија, Малта, Кипар, Кајмански острови, Британски Девствени острови, Островите Ман.

Купувањето нови акции било извршувно од разлипчни структури на холдингот кои никој во тоа време не ги доживувал како единствена целина.

Ситуацијата се разјаснила делумно кога еден од најголемите и највлијателни инвестициски фондови во САД, KKR (Kohlberg Kravis Roberts) се заинтересирал за медискиот простор на Балканот. Овој американски фонд е познат по својата агресивна стратегија во стекнување медиумски имот. Под оваа зделка навидум раштрканите компании биле структурирани како Јунајтед Груп.

Под закрила на United Group влегле SBB, во тоа време најголем оператер на кабловска телевизија и Интернет провајдер во Сррбија, Telemach - лидер на сличен пазар во Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина, потоа Total TV, сателитска ТВ мрежа која емитува во сите земји од поранешна Југославија, United Media - мрежа на тематски канали вклучувајќи и спортски, како и CAS Media, најголема агенција за продажба на рекламен простор на кабловски и сателитски канали.

Според разни извори, износот на зделката бил од 1 до 1,5 милијарди евра. Истовремено уште не била јасна фигурата на продавачот кој добил пари. Меѓутоа набрзо по склопување договор, локалните медиуми почнале да пишуваат за големи зделки на Шолак кој го задржал местото претседател на Управниот одбор на холдингот.

За една година тој стекнал луксузна вила во Швајцарија, три бизнис-џет авиони, голф одморалиште на словенечкото езеро Блед кое претходно било во сопственост на кралското семејство Караѓорѓевиќ. 

Овие зделки испровоцирале опсежно истражувачко новинарство на OCCRP и словенечко Delo, кои појасниле дека Шолак преку замрсените мрежи на фирми, поседува 21,34% од United Group.

Подоцнежни истражувања, како она на хрватски Jutarnji list дадоа малку боја во личноста на Шолак. Пишуваа дека со помош на сложен систем компании регистрирани во различни земји, бизнисменот избегнува плаќање данок на приход во домашната земја. 

Американската инвестициска компанија KKR која што ја купила United Group, во инвестициските кругови важи за прагматична група која никогаш не фрла пари во ветер.

Сомнителни се размерите на нивните големи инвестиции на Балканот, пишув Delo.

Од купувањето на United Group во 2014 година, оваа фирма никогаш не покажала профит, но Американците продолжиле да финансираат: беше основан каналот за вести N1 кој стана најголем независен канал за вести во републиките од поранешна Југославија и има официјален статус на официјален партнер на американскиот CNN. 

Актуелните власти во Србија повеќепати изразуваа незадоволство од информативната политика на N1 чии новинари жестоко го критикуваат владеењето на претседателот Вучиќ.

Конкретно овој канал беше обвинет од страна на владеачките перјаници за поддршка на масовните демонстрации во Белград и другите српски градови. 

Според верзијата во провладините медиуми во Србија, целта на овие инвестиции на KKR на медиумскиот пазар на Балканот не е да заработи пари, туку да го зголеми своето влијание врз политичката ситуација во регионот.

Во прилог на ова тие го наведуваат името на Дејвид Петреус, шеф на глобалниот институт KKR кој лично водел преговори за купување на United Group и се уште ја одредува стратегијата на медиумската групација.

Пред да влезе во бизнисот, Петреус направил голема кариера во американската армија, каде се искачил дури до чинот генерал. Тој бил шеф на Интернационалните сили за време на операциите на Нато во Ирак и Авганистан. Ниту Балканот не му е не познат зошто во 2001 и 2002 бил заменик началник на Генералштабот на американските сили во Босна и Херцеговина.

Петреус некогаш важел за перспективен кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, но тој избрал друг пат во кариерата и ја прифтил понудата на Барак Обама да раководи со ЦИА во 2011 година. Тој во еден момент западнал во голем скандал со жена која му праќала анонимни писма и за која се испоставило дека била Пола Бродвел која се занимавала со подготовка на книга за генералот и притоа му била љубовница.

Поради овој скандал го разрешиле од местото директор на ЦИА зошто официјалните правила му забрануваат на шефот на разузнувањето да има вонбрачни афери кои потенцијалниот противник може да ги искористи како алатка за манипулација.

Скандалот станал поголем откако се дознало дека Петреус и дал лозинка на љубовницата за влез во неговиот канцелариски компјутер кој содржел гигабајти строго доверливи информации поврзани со прашања за националната безбедност.

Вљубениот генерал одлучил дека најдобар начин за комуникација со неа ќе бил да и остава пораки во сопствената пошта и затоа и дал лозинка од неа. 

Судот во САД поради ова го осудил на две години условно и парично го казнил 100.000 долари. Набрзо некогашниот шеф на ЦИА се нашол на чело на фоднот KKR и се упатил на Балканот каде и се сретнал со Драган Шолак.

Претставниците на Шолак велат дека парите од зделката за купување акции во англискиот фудбалски клуб Саутемптон се лични средства на бизнисменот. Во тоа може да се поверува затоа што по договорот со KKR, српските медиуми пишувале дека тој е милијардер и еден од најбогатите луѓе во Европа. Набавките на вили, авиони и терени за голф јасно покажуваат дека тој е бизнисмен од сенка кој сега конечно сака да добие публицитет и да ужива во животот како нов сопственик на голем англиски фудбалски клуб.

12 јануари 2022 - 09:57