Чешки Абрамович го купува Вест Хем, ама нема да го прави Челси

Чешкиот милијардер Даниел Кршетински купил 27% од акциите на Вест Хем. Иако на прв поглед оваа зделка не изгледа дека ќе влијае на распоредот на сили во Премиер лига, сепак може да смени многу нешта.

За повеќето навивачи и читатели на спортски медиуми, Кшетински е анонимен лик. Неговата состојба Forbes ја проценува на 3,5 милијарди долари.

Во источен Лондон навивачите на Вест Хем со голема радост ја примиле веста за чешкиот милијардер и сметаат дека клубот конечно ќе се искачи на повисоко ниво. 46-годишниот инвеститор од Прага во Чешка го нарекуваат „Чешка сфинга“.

КРЖЕТИНСКИ, КРЕТИНСКИ ИЛИ КРШЕТИНСКИ?

За почеток мал час по чешки. Медиумите најчесто го пишуваат Кржетински или Кршетински, така што треба да се погледне фонетиката на чешкиот јазик. 

Главна забуна права изговор на буквата „Ř“ во презимето Křetínský. На почеток на буквата и после согласките оваа буква се чита како „рж“ (на пример Чесите за Tomáš Řepka викаат Томаш Ржепка, култен бек на Вест Хем од 2000-те).

Според овие правила во презимето Křetínský, буквата се чита како „рш“ то ест правилна варијанта ќе биде Кршетински.

ЗАРАБОТИЛ МИЛИЈАРДИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕДОВЕРБАТА ВО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГЕТИКА

Терминот „чешки милијардер“ звучи некако чудно затоа што во скромната Чешка нема сосема многу: според Forbes, вкупно 9 луѓе.

Даниел Кршетински е најмлад меѓу нив. Тој е роден во 1975-та година и според возраста тој не можел да учествува во големата приватизација на државниот имот која почнала веднаш по падот на просоветскиот режим во Чехословачка.

Додека неговите сонародници на листата на Forbes купувале за ваучери (во Чешка и Словачка се користела таа шема на приватизација како и во Русија), тој завршувал средно школо.

 

Во 1997-ма година Даниел дипломирал право, а во тоа време сите ситни имоти веќе стекнале приватна сопственост, па на Кршетински не му останало ништо друго освен да се вработи кај некој од своите стари другари.

Инвестициската група J&T била основана од претставници од чехословачките деца на комунистички функционери, воглавно од Словачка. Нивните родители имале врски во власта и помогнале со пари и поддршка. J&T во 1990-те станала една од најголемите финансиски компании во централна Европа. Кршетински дошол како обичен правник во фирмата но набрзо напредувал.

„Он е многу паметен. Дури и оние кои не го сакаат му го признаваат тоа. Главата му е како компјутер, поседува извонредни аналитички вештини и цврста деловна способност“, пишуваат новинарите во Чешка за него.

Младиот правник станал клучен аналитичар на компанијата, им укажувал на шефовите за активите кои треба да се купат и кои ќе им донесат богатство. Практично никогаш не згрешил. Компанијата набрзо се проширила надвор од границите на Чешка и Словачка, компанијата купувала акции по цел свет.

Во 2009-та Кршетински почуствувал дека ја прераснал улогата, иако бил високо платен менаџер, како да го достигнал плафонот во фирмата, па почнал сопствен пат во бизнисот.

Таа година Европска унија почна милозвучно да зборува за почеток на ерата на зелена енергетика за заштита на животна средина. Тие ветувале дека во најскоро време земјите од ЕУ ќе можат да се откажат од традиционалните електро и топлински генерации и основен извор на грејни тела, за биолошкиот свет безопасни, да почнат да ги користат сончевите и ветро станици.

Кршетински не бил противник на таа идеја, но сметал дека овој програм ќе одземе многу повеќе време отколку што тврдат во Европска унија. И ја искористил таа ситуација. Во очекување брзо да се затворат термоелектраните кои работат на нееколошки јаглен. Сопствениците на овие компании биле спремни да ги продаваат овие претпријатија по максимално ниски цени.

Кршетински не чекал многу: неговата компанија Energetický a průmyslový holding за неколку години купила десетина јаглени станици во Чешка, Германија, Италија, Полска, Ирска, Велика Британија, Франција. Станал еден од најголемите играчи на енергетски пазар во Европа. Во холдингот влегле преку 70 компании од цела Европа а бројот на вработени преминал 25.000 луѓе.

Тој го купил и ЕРН - словачкиот плот за провод на гас преку кој Русија на Европа и доставува природен гас.

Неговите претпоставки биле крајно точни. Европа не можела преку ноќ да се откаже од термоелектраните (сега тврдат дека до 2025 ќе се откажат во целост). Кршетински во 2017-та купил акции во фирмата на најбогатиот чешки бизнисмен Петер Келнер и поранешниот шеф во J&T Патрик Ткач.

Даниел така станал милијардер официјално.

„Он сака да оди против плимата. Додека сите зборуваа за усвојување на “Зелениот пакт на ЕУ“, тој сам отиде и купи германски рудници за јаглен и електрани. Сега веќе никој нема да го повтори ова. Доцна е. Но тој има прав дигитрон во главата кој пресметал дека 20 години пред моментот кога електраните на јаглен навистина ќе бидат забранети, тој ќе може да заработи одлични пари на ова и да ја врати многукратната инвестиција“, вели чешкиот кореспондент на Forbes, Михал Мареш.

ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ВЕСТ ХЕМ ЌЕ МУ ДОЗВОЛИ НА КРШЕТИНСКИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕВРОПСКАТА БИЗНИС ЕЛИТА, А ТОЈ И РЕАЛНО МНОГУ САКА ФУДБАЛ

До 2017-та презимето Кршетински било познато само во Чешка и меѓу експертите за енергетски пазар во Европа. Но потоа Даниел почнал експанзија во Западна Европа.

Прв „капиталец“ му било купувањето на францускиот реномиран дневен весник Le Monde. Кога дознале дека весникот го купил некој непознат чпешки милијардер, луѓето во редакцијата биле шокирани. Француските таблоиди пишувале дека Кршетински бил соработник на Гаспром и дека може да биде „човек на Путин“. Наводно идејата да го купи весникот му била „да ги стопира критичките статии за Русија“ кои често се појавувале во Le Monde.

Откако го купил Le Monde (тој купил 49% од акциите, а останатите 51% согласно уставот на изданиети и принадлежат на редакцијата), тој купувал акции во Европа и САД.

Набрзо ги купил и весниците Elle и Marianne, купил и радиостаници во источна Европа а шеф е и на најголемиот чешки таблоид Blesk.

Најголемо внимание на него Европа обрнала во октомври 2021 откако купил акции во Вест Хем. Фудбалот за Кршетински не е само една од инвестициите, туку негова права страст.

Тој уште во 2004-та година станал сопственик на мнозинство акции на гигантот Спарта Прага и ден денес е прв човек во тој клуб.

Но за 17 години клубот освоил само 4 титули во Чешка, а во последните неколку години води жестока битка со Викторија Плзен и Славија Прага.

Чешките спортски новинари пишувале дека тој направил неколку грешки зошто поставил на раководни позиции свои менаџери кои се бизнисмени но немале никаква претстава за фудбалот. И се мешале во работата на стручниот штаб, влијаеле на изборот на состав и тактика. Во Чешка има трач дека Кршетински наводно лично го интервјуирал актуелниот тренер на Славија Прага Индржих Трпишовски со кого се поврзани последните успеси на клубот.

ШТО ГО ЧЕКА ВО ПРЕМИЕР ЛИГА?

Даниел Кршетински купил 27% од акциите на Вест Хем, но не е баш се така едноставно зошто досегашните сопственици на клубот Голд и Саливен во 2013 го изнајмиле Олимпискиот стадион во Лондон каде што игра Вест Хем на 99 години. Во договорот имало и точка која ги обврзува во буџетот на Лондон да плаќаат 20% од целата зделка, доколку во текот на следните 10 години продадат повеќе од 30% од акциите на клубот.

Огромниот и прекрасен Олимписки стадион се наоѓа во атрактивна зона во Лондон па и самите навивачи на Вест Хем знаат дека овој договор за користење на стадионот ја зголемува вредноста на клубот. Градските власти со цел да загарантираат и да се осигураат дека на тоа место нема да се гради нешто друго, ја внеле таа ставка во договорот.

Но во 2023 година завршува таа точка и Кршетински ќе може да стане апсолутен сопственик на Вест Хем со тоа што ќе купи нов пакет акции во клубот.

На 17 ноември е објавено дека 22-годишниот Џек Саливен, син на досегашниот сопственик на Вест Хем Дејвид Саливен ќе добие место во советот на директори на клубот и ќе биде назначен за директор на Олимпискиот стадион. Досегашните газди за да ги купат акциите на Вест Хем претходно дале повеќе од 100 милиони фунти а зделката со Кршетински е оценета на околу 600 милиони фунти.

Со тоа што купил 27% од акциите на „чеканите“, чешкиот милијардер добил тн. блокпакет односно ниту едно решение во клубот нема да може да пројде без негово одобрение. Тој добил и две места во советот на директори.

За сега тој платил околу 180 милиони фунти а клубот соопштил дека голем дел од оваа сума ќе оди да се покријат долговите кои лани достигнале до 150 милиони фунти.

Веста за новиот сопственик го израдувала и тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс кој рекол:

„Апсолутно сум воодушевен. Веќе купивме и нова машина за кафе во нашата база! Замислете, таа може да прави и лате“, се насмеал Мојс. 

Но Мојс пред некое време дал и една многу сериозна изјава:

„Пред неколку години клубот потроши богатство за купување на играчи но не тргна се како што треба. Ние треба да најдеме добри инвестиции. Можно е некои работи да се поважни од самото купување играчи - да се зголеми капацитетот на стадионот, да се модернизира тренинг кампот и терените. Да се купат играчи кога имаш пари е најлесно. Секако дека ќе го засилиме составот. Но важно е при тоа да се прават работи за кои после ќе жалиме“.

Но сигурно е дека веќе во јануарскиот преоден рок Вест Хем ќе се засили сериозно. Прва мета е 19-годишниот напаѓач на Спарта Прага и репрезентацијата на Чешка Адам Хложек. Тој има фантастична сезона во чешката лига со 4 гола и 11 асистенции на 17 средби сезонава и 15 гола и 11 асистенции на 19 меча лани.

Доколку Хложек дојде во Вест Хем тој ќе стане четврти Чех во колективот. Тука се Соучек, Цуфан и новиот сопственик Кршетински.

15 декември 2021 - 09:25