Зошто е Холандија тотално доминантна во брзо лизгање?

Феноменот со брзо лизгање во Холандија. Најуспешна нација која има апсолутна власт во овој спорт на големите европски, светски првенства и Олимписки игри. Како?

Холанѓаните и Холанѓанките царуваат во брзо лизгање на мраз. Во Пекинг во овалот на мраз освоија дури 6 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали. Вкупно 12. Другите земји не освоија повеќе од пет одличја (Јапонија и Канада), а никој освен Холандија не освои повеќе од две златни медали (Шведска).

Чудесно е како една земја е толку многу доминантна во еден спорт, па да се обидеме да сфатиме од каде таква апсолутна власт на лизгалки?

НЕВЕРОЈАТНА МАСОВНОСТ НА ЛИЗГАЛКИ: 250.000 ДЕЦА ГОДИШНО ГО ПРОБУВА ОВОЈ СПОРТ ВО ШКОЛО, 600 ЛУЃЕ ГОДИШНО СЕ СПРЕМИ КАКО ДА ПОМОГНАТ И СПАСУВААТ НА МРАЗ НА РЕКИ И ВО КАНАЛИ

Постои непотврдено верување дека Холанѓани ги измислиле лизгалките за мраз. Според историчарите, првите лизгалки на територијата на модерна Холандија се појавиле во IX век, а англискиот збор skate (лизгање) потекнува од фламанскиот schaats кој во превод значи потколеница - првите острилки на лизгалки биле правени од животински коски па оттука, вели спортскиот новинар Денис Пузирев кој од близу го следи брзото лизгање.

„Пред епохата на возови и автомобили, лизгањето зимно време значело и физичко кратење разделеченост“, вели холандскиот историчар за спорт Јурит ван де Ворен. На пример, фармерите на лизгалки се движеле по замрзнати реки и канали, носеле роба во саемските градови“.

Уште одамна во Холандија било згодно и можно со лизгалки да се стигне било каде по каналите, а подоцна лизгалките се претвориле во одлична забава. Понатаму стануваат се помасовни. 

Звучи неверојатно, но вистинито:

- 2,5 милиони луѓе (14% од населението на Холандија) секоја зима лизга на природен мраз, а 55.000 луѓе лизгаат 12 пати годишно во просек

- 250.000 деца на школско ниво учат што е лизгање на мраз. Во Федерацијата на овој спорт има специјална програма: школото поднесува пријава со цел федерацијата да организира 2-3 часовни предавања каде децата учат да лизгаат на мраз и се забавуваат низ игри а сето е проследено со подароци и дипломи за сите учесници.

Оние деца кои ќе ги привлече лизгањето, после овие предавања и проби, ги чека систем на обуки познат како FUNdamentals во кој машки и женски деца од 4 до 8 години и девојчиња над 9 години учат како да лизгаат без натпреварување. Тренинзите се групни, базирани на интерес и ентузијазам и се учи основна координација.

Машки деца од 15 години и девојчиња од 16 години веќе почнуваат на натпревари, со тоа што акцентот е на техниката која е најважна а не само секундите во финишот и целта.

Федерацијата за брзо лизгање на Холандија ги собира сите најдобри јуниори во развојни групи, поделени во 5 делови од земјата и нивниот напредок се следи во кампови централизирани за обука.

22 вештачки лизгалишта се распоредени низ земјата

Повеќе од 600 Холанѓани на крајот од 2021-ва се пријавиле на курсот „Мастери за природен мраз“. Суштината на овој курс е во земјата во која има 450 локални здруженија ангажирани на малите аматерски лизгалишта, да има уште повеќе места за овој спорт.

Поради зголемување на просечните температури и намалување на периодите со мраз немало доволно природен мраз за лизгање. Сојузот затоа организирал курсеви за местење вештачки мраз.

Повеќе од 25.000 луѓе редовно ги споделува своите резултати и време од нивното брзо лизгање на апликацијата Sprint App која што ја изготвила федерацијата. Таму е можно да се натпреварувате со своите пријатели и да ги споредите своите резултати со своите соседи, роднини, колеги. Дури продаваат и специјални чипови кои се прицврстуваат на лизгалките со цел да имаат подлабинска аналитика и да се чувствуваат како прави олимпијци.

БУНТ НА ЕДЕН ЛИЗГАЧ ЈА СВРТЕЛ ИСТОРИЈАТА: ЛИЗГАЛКИТЕ СТАНАЛЕ КОМЕРЦИЈАЛНИ

Сè сменил Ритнхе Ритсма, шесткратен олимписки освојувач на медали (2 сребра и 4 бронзи).

Во 1995 година тој не чекал зголемување на основната плата и можноста да користи реклама од спонзорот на опремата и одбил да вози под условите на федерацијата. Заедно со својот агент и еден козметички бренд го основал првиот професионален клуб  - Sanex. Името било во чест на брендот кој го спонзорирал работењето на клубот.

„Федерацијата со години ветуваше, ама ништо од тоа не видовме. Решив да започнам сопствена деловна линија. За среќа со Sanex се догооривме за се за половина час“, вели Ритсма.

Тогаш дошло до судир во федерациите зошто таму уште не работеле комерцијално ориентирани луѓе. Вработени во Федерцијата биле само луѓе со сериозни одела и со волонтерска работа. Немале цел креативно да размислуваат за тоа како да го направат овој спорт популарен и успешен.

Комерцијалната војна на еден лизгач со федерацијата засекогаш го сменила холандското брзо лизгање. Ритсма покренал цел бран на спонзорирања на клубови. Најверојатно во 1995. година тој не ни можел да замисли каде ќе води оваа реформа.

Спортистите биле платени повеќе, клубовите станале поконкуренни со нови тренерски меоди, а во трката за моќ и влијание постоела и побарувачка за технологија која би можела да ги подобри резултатите.

Сега федерацијата во Холандија веќе не живее од државни субвенции туку сама заработува (во текот на тешката корона сезона 2020/2021 приходите им изнесувале 9,5 милиони евра, обично во просек имаат и по 12 милиони евра годишно).

Генерални спонзори на брзото лизгање во Холандија се производителот на клими Daikin и приватна холандска лотарија, компанијата Holland&Barrett дава пари за маратонско лизгање, а производителот на автомобили Lynk & Co спонзорира шорт-трек, пократки трки.

Спортистите не ги претставуваат само федерацијата или регионот од каде доаѓаат, туку професионални клубови со буџет од околу милион евра. На пример шест такви тимови ќе учествуваат во сезоната 2022/2023 (у уште само 5 регионални развојни тимови и 1 млада репрезентација на Холандија). Целната на клупска лиценца за натпреварување надминува и 100.000 евра.

НАУЧЕН ЕКСПЕРИМЕНТ СО МЕУРИ ОД ХЕЛИУМСКИ ГЕЛ ЗА МЕРЕЊЕ НА ОТПОРОТ НА ВОЗДУХОТ

Арената Tialf во Херенвен е позната на секој кој следи брзо лизгање. Ако оваа сала порано била само кул лизгалиште со десетина јаки лизгачки, сега таму е и Лабораторијата за иновации која работи официјално.

Лабораторијата е отворена со помош на лизгачката Федерација на Холандија и Олимпискиот комитет на оваа земја а соработува со неколку универзитети.

„Наша задача е да ги воведеме науката и технологијата, да создадеме отворена мрежа на испитувања која ќе не движи напред“, вели Инге Стотер од оваа лабораторија.

Во 2021-ва година на овалниот мраз на Тиалф тестирале систем Ring of Fire. Лизгачот излегува на мраз опкружен со илјадници мали меури наполнети со хелиум.. Светлата во арената се исклучени. Меурите се осветлени со ласер а додека лизгачот лизга, камера со огромна брзина снима илјада кадри во секунда, фаќајќи го движењето на хелиумските меури.

Зошто ова?

„Научниците можат да го фиксираат и мерат движењето на меурите со хелиум и така да го одредат движењето на воздухот. Контра ввоздухот е најголема пречка на лизгачите. Што е помал тој толку е поголема брзината. Сега можеме да пресметаме колку точно отпорот се менува во различни положби, на пример кај рацете за време на лизгањето. И тоа ни дава објективна процена а не со голо око“, вели Јан Кулманс, селекторот на репрезентацијата на Холандија која прави дар-мар на сите првенства.

Овој систем Ring of Fire е прв на светот кој одредува движење на воздухот кај спортистите во движење. Претходно овие мерења биле вршени во аеротунели но лизгачите  таму морале да стојат зошто мерењата повеќе се однесувале на опремата отколку на нив самите. 

Тренерите секогаш го имаат на располагање и Track and Trace системот, односно камери од 180 степени поставени под таванот на арената, кои ја покриваат целата кривина на ледениот овал и ја пренесуваат сликата до системот за видео-анализа.

Идеалните и вистинските траектории на движење се исцртани на компјутерот и гледајќи ги снимките од тренинзите, лизгачите и нивните ренери можат брзо да ги анализираат тактичките и техничките грешки на свиоицте и при престројувањата.

За тренерите исто така создале и програм Coach in Control. Во него спортистите пополнуваат здравствен прашалник (анкета) за секој ден. На овие податоци се додаваат и низа информации од тренинзите (од пулс и брзината до споредба на оптоварувањата со тие од претходните тренинзи). Тренерите врз основа на објективни индикатори, можат да го прилагодат планот за тренинзи до реалната состојба на лизгачите со цел да се избегнат повреди.

За Олимписките Игри 2022, Холанѓаните направиле костим инспириран од опремата за велоспорт.

„Главна особеност е употреба на два слоја ткаенина во областа на колената. Тие два слоја се меѓусебно поврзани на посебен начин и тој хибриден компонент дава добри аеродинамични својства“, соопштила Федерацијата за брзо лизгање на Холандија пред почетокот на Олимписките Игри во Кина.

За репрезентацијата на Холандија по шорт-трек, под куполата на арената Тиалф во Херенвен, е поставена комора од 20 квадратни метри. Систем за климатизација на воздухот овозможува симулација на услови на голема надморска висина (ниско ниво на кислород на околу 3.000 метри надморска висина), поради што многу тимови летно време патуваат во други земји.

Спортистите прават серија кратки спринтови на ергометри и тоа им овозможува да ја зголемат издржливоста во подготовка на сезоната.

21 февруари 2022 - 13:45