
Сабота:
ЛИВЕРПУЛ - ЕВЕРТОН 13:30
Уште едно ново градско дерби. „Карамелите“ многу тешко играат на „Енфилд Роуд“ каде Ливерпул има бројни победи против вечниот ривал. Еверон славеше на гости само во 2021-ва (0-2), и претходно во далечната 1999-та година. Само две пбоеди на претходните 29 гостувања кај црвените!
Англискиот шампион е во јака форма на старт од сезоната и се очекува повторно да ја оправда фавористската улога. Но треба да се има на ум дека дерби е дерби.
ХАЈДУК - ДИНАМО 17:00
Она што важи за Ливерпул против Евертон важи и за најголемите хрватски ривали. Динамо Загреб во минатото„го тепаше“ Хајдук Сплит каде стигне, и во првенство и во Куп и дома и на гости, но „сплитските били“ остварија 4 победи на последните 10 меѓусебни дуели (4 победи на Динамо, 4 на Хајдук и 2 нерешени).
После 5 кола и двете екипи имаат по 13 бода (и двете имаат 4 победи, 1 нерешена и 1 пораз).
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈЕД - ЧЕЛСИ 18:30
Во 4. коло од Премиер лига на „Олд Трафорд“ ќе се игра големото дерби Јунајтед - Челси. Сините од Лондон немаат пораз уште (2-2-0) а Јунајтед веќе претрпе 2 порази во Премиер лига и нема никаква најава дека би можел да одигра подобра сезона од минатата.
Јунајтед нема обврски во европкуповите, а Челси изгуби во 1. коло од Лига на шампиони убедливо 3-1 од Баерн во Минхен така што играчите на Рубен Аморим поодморени ќе влезат во овој натпревар.
ПАРТИЗАН - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 19:00
Во Србија црвено-белите веќе неколку години се апсолутен хегемон во тамошниот фудбал, а Партизан пробува со млад состав, повеќето деца од нивната младинска школа да му се спротивстават на големиот ривал кој и овој пат ќе биде фаворит.
ЛЕНС - ЛИЛ 21:05
Помалку атрактивно дерби за оние кои не го следат францускиот фудбал, но сепак доволно жестоко за да се проследи. После 4 кола Лил игра одлично и е втор на табела со 3 победи и 1 нерешена. Ленс има 2 победи и 2 порази и е 9-ти на табела.
Недела:
ЛАЦИО - РОМА 12:30
Можеби првпат во историјата вечното римско дерби ќе се игра волку рано, напладне. На „Олимпико“ Лацио ќе игра номинално како домаќин во не баш добра форма, после 3 кола имаат 1 победа и 2 порази со гол разлика 4:3. Рома е во подобар ритам со 2 победи и 1 пораз но само 2 дадени гола на 3 натпрвари.
ПСВ - АЈАКС 14:30
Уникатниот начин на кој овие два тима ја завршија борбата за титула во последните моменти од минатата сезона гарантира уште едно јаки дерби.
Овојпат ПСВ Ајндховен е домаќин на вечниот ривал Ајакс кој неодамна го врати стариот легендарен грб.
„Филипсовци“ имаат 12 бода после 5 кола (4 победи и 1 пораз) а Ајакс не е поразен (3-2-0). И двата тима играат во Лига на шампиони, ПСВ изгуби дома 1-3 од белгиски Ројал Унион Сен Жилоа, а Ајакс претрпе пораз од Интер 0-2.
АРСЕНАЛ - МАНЧЕСТЕР СИТИ 17:30
Два тима кои водеа силни битки за титулата во претходниве сезони и овојпат се главни фаворити заедно со Ливерпул за шампионскиот пехар.
„Топџиите“ осоколени од триумфот против Атлетик Билбао на тешкото гостување 0:2 ќе се обидат да го земат скалпот на тимот на Пеп Гвардиола кој исто славеше во Лига на шампиони, против Наполи 2-1.
Играчите на двете екипи веќе добро се познаваат така што нема да има многу „измислување топла вода“ туку се очекува жестоко дерби со многу голови.
ПАНАТИНАИКОС - ОЛИМПИЈАКОС 20:00
Грчкиот шампион Олимпијакос одлично ја почна сезоната во грчката Суперлига и има 3 победи од меча колку што имаат и АЕК и ПАОК. Панатинаикос одигра само 2 натпревари и претрпе 1 порази со една нерешена средба и гол разлика 3:4. Но во дербито се се менува и ништо не е сигурно.
ПАО ќе игра пред свои навивачи пред преполни трибини и за очекување да падне тврд фудбал.
ОЛИМПИК МАРСЕЈ - ПСЖ 20:45
Најголемото француско дерби е закажано за недела вечер. Домаќинот доаѓа по тешкото гостување кај Реал Мадрид каде изгуби иако одигра сјаен меч но прими 2 гола од 2 пенали на Килијан Мбапе. Марсеј играше повеќе од 20 минути со играч помалку но прими гол во финишот од пенал и изгуби.
Европскиот и француски шампион ПСЖ доаѓа на крилјата на убедлив триумф од 4-0 над Аталанта во Лига на шампиони и ќе се обиде да ја продолжи неверојатната победничка серија против најголемиот ривал.
ПСЖ го добива Марсеј буквално на повеќе од 40 последни натпревари со само два порази во истите.