Бошко Ѓуровски се онесвести за време на комеморативен говор на Маракана

Во просториите на стадионот на Црвена звезда „Рајко Митиќ“ за време на комеморацијата за прерано починатиот некогашен капитен на Звезда Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски му се слоши и ненадејно падна на подиумот. Сите присутни брзо реагираа а српските медиуми пренесуваат дека тој е добро и дека се опоравил.

Бошко Ѓуровски ден по ненадејната смрт на Дејан Миловановиќ заплакал во емисија а на денешниот комеморативен говор изразил сочувство до најблиското семејство и пријателите, пред да се онесвести.

20 септември 2025 - 12:10