
Франк Илет има 330.000 следбеници на Инстаграм и оваа бројка секојдневно расте. Тој вели дека „работата отишла подолгу отколку што очекувал“.
„Ова е апсолутно лудо патување. Никогаш не очекував мојата коса или моите следбеници да пораснат толку колку што пораснаа“, вели Франк.
Тој цел живот навивал за Манчестер Јунајтед. Најблизу до бербер бил во јануари годинава кога неговиот тим направи право мало чудо и зареди три победи по ред. Но неговиот сон се срушил кога изгубија дома од Кристал Палас на почеток на феверуари.
Тој сега верува дека во ноември би можел да биде победнички за неговиот Јунајтед.
„Се надевам дека можеби до крајот од годината ќе се ишишам. Совршен крај би бил ако некој играч ме ишиша на Олд Трафорд“, вели Франк Илет.
Тој последен пат имал кратка коса во октомври 2024. Од тогаш до сега, еве речиси 1 година не се скратил.