- Американските компании кои ќе сакаат да ангажираат високо-стручни лица од странство ќе мора да платат 100.000 за нивна виза од типот Х-1Б.
- Овој тип виза им овозможува на компаниите да спонзорираат странски работници со специјализирани вештини - како што се научници, инженери и компјутерски програмери - првично три години, со можност за продолжување до шест години.
- Трамп е од оние критичари на визниот систем кои долго време тврдат дека H-1B ја потценува американската работна сила, додека поддржувачите - вклучувајќи го и милијардерот Илон Маск - тврдат дека тоа им овозможува на САД да привлечат врвни таленти од целиот свет.
- Истовремено, Трамп потпиша и указ за нова „златна картичка“ за забрзување на издавањето виза за траен престој во САД, по цени што почнуваат од 1 милион долари.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.