- Долгогодишниот српски репрезентативец, освојувач на неколку медали на европски и светски првенства и Олимписки игри и редовен учесник во еврокуповите со разни кошаркарски клубови, сега ја изненадил јавноста.
- Мирослав Радуљица потпишал со ФК Железничар од градот Инѓија во Србија. Легендарниот кошаркар и самиот е роден и израснат во Инѓија и вели дека сака да се проба во фудбал.
- Според договорот, целосните примања кои му следуваат според договор ќе бидат донирани на хуманитарна организација. Клубот ќе пушти и ограничена серија на дресови со број 21 и презимето Радуљица на грбот.
- ФК Железничар игра во Српската лига Војводина која е трета хиерарскиски.
- Радуљица во својата кошаркарска кариера играше за Партизан, Црвена звезда, Анадолу Ефес, Алба, Панатинаикос, Олимпија Милано, Минесота Тимбервулвс и Милвоки Бакс.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.