Макпетрол со одлична реализација до победа над Халк Банка

Пивара Скопје, Матрикс и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол со одлична реализација до победа над Халк Банка

Макпетрол 8-4(4-1) Халк Банка

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 1’ 9’ 11’ 12’ Марко Костенцовски 26’ Денис Димитриевски 28’ 32’ Горан Новаковски 33’

Халк Банка: Мартин Димевски 12’ 40’ 40’ Игор Николовски 39’

Одличен почеток на екипата на Макпетрол во дуелот со екипата на Халк Банка, тие на самиот старт од полувремето уште од првата минута преку Ѓоргиовски успеаа да поведат со 1-0. Ова рано водство најави интересно прво полувреме, екипата на Халк Банка започна со поотворена игра со цел да ја анулира предноста на Макпетрол но тоа го искористи Ѓоргиовски кој ги пронајде дупките во одбраната на Халк Банка и до 12та минута од натпреварот успеа да постигне дури 4 погодоци. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка беше таа која напаѓаше и делумно успеа да ја намали резултатската негатива на 4-1 но екипата на Макпетрол покажа одлична игра во одбраната и не дозволи противникот да направи поголемо изненадување. Полувреме 4-1. Во второто полувреме екипата на Халк Банка се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но екипата на Макпетрол продолжи со одличната игра и успеа да го спречи налетот на Халк Банка. Во самиот финиш екипата на Халк Банка имаше свои блескави минути и за само неколку минути успеаа да постигнат 3 гола, но тоа беше премалку за да ја надомести разликата од првото полувреме која ја стекна екипата на Макпетрол кој на крајот славеше со 8-4

Матрикс со одлично второ полувреме до победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 3-11(2-3) Матрикс

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 17’ Мирче Маринковиќ 32’ Јане Петовски 6’

Матрикс: Ивица Алампиоски 14’ 20’ 33’ 35’ 39’ Горан Манасиев 39’ Стефан Смилевски 3’ 39’ Александар Шикалевски 21’ Ристе Ристевски 29’ Предраг Стојмировиќ 30’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурвање и Матрикс и двете екипи наизменично се менуваа во водството. Прва до водство дојде екипата на Матрикс со голот на Смилески во 3та минута од полувремето но Јане Петровски во редовите на Сава Осигурвање успеа да израмни на 1-1. По што следеше офанзива на Матрикс кои преку Алампиовски успеаа да дојдат до водство од 1-2, но искусниот Коста Глигуровски беше тука да ја одржи неизвесноста и израмни на 2-2. Во самиот финиш на полувремето екипата на Матрикс преку вториот погодок на Алампиоски успеа да дојде до повторно водство од 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс ги смени своите техничко тактички замисли и заигра доста поофанзивно преку цврста одбрана и брзи контра напади упеваше да реализира и од минута во минута да го зголемува водството. Сава Осигурување не можеше да го следи ритамот па од минута во минута ја губеше контролата врз натпреварот кој на крајот го изгуби со високи 3-11.

Трпковски ја водеше Пивара Скопје до победа над Окта

Пивара Скопје 8-4(5-2) Окта

Пивара Скопје: Марто Живиќ 12’ Марко Магденовски 18’ Бобан Ристов 25’ 30’ Влатко Трпковски 8’ 18’ 20’ 34’

Окта: Иван Димитриевски 3’ 14’ Славче Стојковски 33’ Филип Петковски 39’

Одличен почеток на екипата на Окта во дуелот со Пивара Скопје, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивна игра со акцент ставен на играта во нападот. Екипата на Окта со ваква игра уште во раната фаза од полувремето во 3та минута го отвори резултатот со 0-1. Екипата на Пивара Скопје по оваа негатива притисна во предно поле и успеа да дојде до израмнување 12та минута од полувремето. Екипата на Окта во првото полувреме остана без својот стандарден голман и беше приморана да внесе во игра голман играч што пивара го изкористи за зголемување на водството и предност од 5-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Окта постојано се закануваше кон голот на Пивара Скопје кои одлично ја поставија својата одбрана и не дозволуваа на противникот резултатски да се врати во натпреварот. До крајот на натпреварот екипата на Пивара Скопје ја одржуваше предноста од полувремето па го доби овој натпревар со 8-4

25 ноември 2022 - 12:37