Во тврд натпревар Макпетрол поуспешни од Шпаркасе Банка

Во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Аџибадем Систина, Лукоил и Макпетрол.

Ван Хоол немаше сили за пресврт во дуелот со Лукоил

Лукоил 8-7(6-3) Ван Хоол

Лукоил: Александар Ѓоргиевски 10’ Горан Стојчев 27’ Иван Стојчев 5’ 15’ Лоренцо Николовски 20’ 25’ Петар Лефков 19’ 20’

Ван Хоол: Даниел Стаматовски 38’ Ненад Саздовски 11’ 31’ 35’ Стефан Станојковиќ 12’ 17’ Филип Никодиновски 40

Крајно израмнет почеток на натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и Ван Хоол. Екипата на Луукоил имаше одличен почеток и го отвори резултатот во 5та минута од натпреварот преку одличниот погодокот на Стојчев а преку Георгиевски дојде до водство од 2-0. Екипата на Ван Хоол по тајм аут свикан од тренерот Андев ги консолидира своите редови и успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Сепак екипата на Лукоил во остатокот од полувремето ја наметна својата препознатлива игра и супеа резултатски да се одвои за предност од 6-3 на полувремето. Екипата на Лукоил во второто полувреме продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на Ван Хоол се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Лукоил одлично ја постави играта во одбраната ја сочува предноста и го доби овој натпревар со 8-7

Во тврд натпревар Макпетрол поуспешни од Шпаркасе Банка

Макпетрол 5-3(2-1) Шпаркасе Банка

Макпетрол: Марко Костенцовски 24’ Горан Новаковски 10’ 13’  Никола Секуловски 38’ 25’

Шпаркасе Банка: Стојанчо Јосифовски 3’ Филип Чижбановски 39’ Стефан Стојановски 23’

Одличен старт на екипата на Шпаркасе Банка во дуелот со Макпетрол, тие уште на самиот старт од полувремето во 3та минута со одличен погодок од далечина на голманот Јосифовски го отворија резултатот. По ова рано водство на екипата на Шпаркасе Банка екипата на Макпетрол ја зацврсти играта во одбраната а преку брзи контра напади се закануваше кон противничкиот гол. Тоа вроди со плод 10та минута кога Новаковски погоди за израмнување а истиот само три минути подоцна и донесе на екипата на Макпетрол целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси но слаба реализација па на полувремето се замина со резултатот од 13та минута 2-1. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе Банка дојде до израмнување преку погодокот на Стојановски во 23та минута. Екипата на Макпетрол го подигна темпото на игра и преку одлично изработени напади дојде до предност од 5-2. Екипата на Шпаркасе Банка иако притискаше кон противничкиот имаше сили само за намалување на резликата но не и за целосен резултатски пресврт па го загуби овој натпревар со 5-3.

Аџибадем Систина со сериозен пристап до победа над Bestway Solutions

Bestway Solutions 3-5(2-2) Аџибадем Систина

Bestway Solutions: Ненад Стојкоски 1’ Петар Стефановски 4’ Дамјан Темелковски 34’

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 25’ Даниел Боневски 31’ Диме Стевковски 8’ Дамјан Јовчевски 9’ 37’

Екипите на Bestway Solutions и Аџибадем Систина одиграа крајно израмнето прво полувреме, прва до водство дојде екипата на Bestway Solutions преку Ненад Стојкоски на кој по неколку минути му се приклуши и Петар Стефановски па се стекнаа со водство од 0-2. Но екипата на Аџибадем Систина  по тајм аут успеа одлично да ги затвори пристапите кон својот гол и со одлична игра во одбраната преку контра напади успеа да го намали водството на 2-1 преку Диме Стевковски, а преку Дамјан Јовчевски да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на Аџибадем Систина со маскимално сериозен пристап влезе во второто полувреме пред себе имаше поставено јасни цели и техничко тактички замисли истите успеа да ги спроведе на терен што резултираше со водство од 4-2. Екипата на Bestway Solutions успеа да собере сили и да се врати во натпреварот со намалување на резултатот на 4-3 но Аџибадем Систина не дозволи целосен пресврт па со гол и резултат од 5-3  го доби овој натпревар.

5 октомври 2022 - 12:05