Тоти му должи вечера на Михајловиќ за дебито во Рома

Пред 25 години во Бреша дебитираше најважната 10-ка во историјата на Рома, за многумина најдобар италијански фудбалер на сите времиња. Газета дело Спорт до детали го опишува тој историски ден за Серија А од едно друго време кога уште не постоеше Гугл.

Мамо остај ми пари за ужинка. Океј, ама немој да купуваш глупости како по обичај. Без гајле мамо. И потоа правец во трафика по весникот со датум 29-ти мaрт 1993-та и одма на страница број 12 каде стоеше наслов „Рома излегува од мистеријата“, извештај за незаборавниот натпревар Бреша - Рома 0:2 и дебито на 16 годишниот Франческо Тоти.
 
17:42 часот. Тогаш заврши натпреварот бидејќи ноќта почна летното сметање на времето и сите средби почнаа во 16 часот, а за победа се даваа 2 бода.
 
Еден ден претходно Рома Примавера славеше на гости против Асколи во меч кој Тоти сам го реши уште во првиот дел. На тренерот на младинците Лучано Спинози на полувреме му заѕвони телефонот со порака:
„Вади го од игра, треба да оди со првиот тим за Бреша“.

Да се разбереме од прва, тоа беше Вујадин Бошков кој ја водеше Рома сместена на средина на табела, елиминирана од Куп на УЕФА предводена од претседателот Џузепе Чарапико кој беше во затвор поради финансиски измами.
 
На 31 март требаше да го играат реваншот од полуфиналето во Купот на Италија против непобедливиот Милан, што значи мечот со Бреша беше помалку важен, па требаше да се штедат протимвци и да се пуштат деца.
 
На веќе добиен меч од 0:2 во 87-ма минута Синиша Михајловиќ го направи најдобриот потег на денот, покрај голот и асистенцијата до Каниџа. Се врти накај клупа и му довикна на Бошков: Пушти го малиот да влезе.
 
На 16 години и 6 месеци почна историјата наречена Франческо Тоти.

„Тоа беше спонтан момент со оглед на тоа каков впечаток ми остави на тренинг. Му реков на Бошков да го внесе, а тој го пушти на загревање Муци. Франческо знае дека ми должи вечера. Стана најдобар италијански фудбалер во историјата, подобар и од Баџо и Ривера“, вели Михајловиќ
Тоти е многу добар играч и го заслужи дебито. Треба повеќе да сметаме на нашиот расадник на таленти, отколку на трансфер пазарот“, изјави чичко Вуја тоа попладне.
Според Њујорк Магазин, 1993-та е година која се промени светот со првиот терористички напад на кулите близначки, Нелсон Мандела со Нобеловата награда за мир, Бил Клинтон со влезот во Белата Куќа. Кај нас Силвио Берлузкони беше “само“ бизнисмен, Коза Ностра организираше атентат на улицата Георгофили, Гугл не постоеше, а играчите се купуваа со лири.

„Јас бев тој што излегов за да влезе Тоти и му посакав со среќа“, се сеќава напаѓачот Руџерио Рицители.
Никој не можеме да замисли дека Тоти ќе стане таков Тоти, но дека имаше талент тоа се знаеше.
Тој талент помина 785 авантури со дресот на Рома и го надополни со 307 голови, а фудбалот го играше со очи на грбот, доволно добри за да си замисли процеп на она место кое другите го гледаа како ѕид.
 
Освои едно Скудето и донесе нов збор во речникот кој на италијански се вика cucchiaio. Се мисли на лоб, а во буквален превод значи лажица. Постигна гол во 43 различни градови во светот на 62 екипи и на една репрезентација по име Австралија која Италијанците мислеа дека е добра само за свадбени патувања, а не сериозна пречка на патот до титулата на Мундијалот 2006.

Во Рома секогаш ќе остане Ил Капитано, наследство што материјално го собира Алдеир, но негов идол беше Џузепе Џанини.
„Да се биде најголемата 10-ка во историјата на Рома е гордост“, често ќе каже Принцот од Рим, капитенот од тој 28 март 1993-та.
„Кога го видов во Тригорија (тренинг центарот на Рома) првиот пат имаше 15 години и во секунда сфатив дека е од друга планета“, вели неговиот претходник Џанини.
Рома е пак планетата која Тоти не сакаше никогаш да ја напушти. Тој Златна топка ја освои на 29 мај 2017-та, кога го потресе цел град и цела земја на денот кога му кажа збогум на фудбалот.
 
 
Штета што во овој хајлатс ја нема во кадар таа епска 87-ма минута
28 март 2018 - 15:55