Олимпико е во солзи, антологиско испраќање на капитенот

Што и да смислеа друго, не можеа да му направат повеличествен начин на испраќање во пензија. Франческо Тоти (Рома, 1993-2017) го имаше веројатно едно од најемотивните збогувања во историјата на фудбалот. За време на последниот негов круг на атлетската патека на Олимпико владееше колективна тага кај сите. Малку е да се каже за него дека е само легенда на Рома. Снимкиве влегуваат во историја и не се бришат.

 

29 мај 2017 - 00:41