Хрватите синоќа имаа многу тешка осминафинална пресметка против мотивирана репрезентација која ги урна Германија и Шпанија и која трча многу.
Но очигледно никој не може со тркач како Брозовиќ, една од најважните алки во играта на Хрватска, без кој тешко може да се замисли среден ред.
Marcelo Brozovic has covered more ground in against Japan than any player in a World Cup match since records began, beating his own record from 2018:
— Statman Dave (@StatmanDave) December 5, 2022
🥇 Marcelo Brozovic - 16.7km vs. Japan 2022
🥈 Marcelo Brozovic - 16.3km vs. England 2018
Workhorse. 🇭🇷 pic.twitter.com/eT5yboiwML
30 годишниот загрепчанец изгина 120 минути и претрча нестварни 16,7 километри со што испиша нова мундијалска историја, невидена во речиси 100 години откако се играат Светските првенства.
Она што сигурно ве интересира, е кој е претходникот ваков рекорд на Мундијалите. Одговорот е следен: На Брозовиќ.
Тој практично си го сруши личниот и светски рекорд од 16,3 километри кој го постави во полуфиналето против Англија на минатото Светско кое Хрватите го добија во продолженија.
„Хрватска има волшебник. Фудбалот му е игра и шега и е неверојатно тоа што го прави. Ковачиќ одигра маестрално и направи толку многу спринтови, Модриќ е феномен и со 37 години игра како да има 20. Но еден играч би издвоил. Марсело Брозовиќ кој е волшебник, а не фудбалер. Неверојатно како тоа момче игра со насмевна, лежерно, како машина, а не играч. Тој навистина ужива во играта. На неговото лице нема емоции, освен кога се кара со судии. Трча, само трча и никогаш не се уморува. Не греши, реагира навремено во секој момент и начинот на кој го разбира фудбалот е совршенство. Оној пенал по средина на голот можеше голманот да го одбрани, но Брозовиќ го изведе со таква леснотија, што е чудо“, пишува Индекс.
Инаку за тоа колку е вреден овој играч говори и податокот дека минатата сезона во Интер истрчал најмногу од сите, со 11,7 км во просек по натпревар.
Брозовиќ во 2015 замина од Динамо Загреб на позајмица во Интер, а откако сфатија за каков квалитет се работи, го откупија и ова му е веќе деветта сезона.
Катар за него е трето Светско првенство и со оглед на предиспозициите кои ги има, за очекување е да го гледаме и на СП 2026 кога ќе има 34 години.