Реакцијата на Килијан Мбапе на головите на Деклан Рајс

Арсенал со 3-0 го растури Реал Мадрид во првиот дуел од четвртфиналето во Лига на шампиони и со огромна предност ќе патува на реваншот во Шпанија. Деклан Рајс, англискиот репрезентативец го одигра натпреварот на животот откако постигна два неверојатни евроголови од слободен удар. Стана само петти фудбалер во историјата на Лига на шампиони кој дал два гола од слободен удар на ист меч и прв во историјата кој тоа го сторил против големиот Реал Мадрид. Се чудеше и Килијан Мбапе.

8 април 2025 - 23:24