
Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти не бил вака понижен во Лига на шампиони речиси никаде и од никој како вечерва во Лондон. Арсенал на Микел Артета оствари историска победа која уште долго ќе се прераскажува во црвено-белиот дел на Лондон.
Деклан Рајс, едно од најскапите засилувања во историјата на Арсенал (платен преку 100 милиони фунти за трансфер од Вест Хем), постигна два велелепни голови од слободен удар за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Шпанецот Микел Мерино со исто убав гол од прва во противничкиот шеснаесетник.
Деклан Рајс стана само петтиот играч во историјата на Лига на шампиони кој постигнал 2 гола од слободен удар на еден ист натпревар во Лига на шампиони после Ривалдо, Кристијано Роналдо, Нејмар и Хаким Зијеш и прв во историјата што тоа го сторил против големиот Реал Мадрид.
А Микел Мерино покажа дека Реал му лежи најмногу од сите затоа што на 11 натпревари против „кралскиот клуб“ има 4 погодоци, најмногу од сите ривали.
Во 90+4' минута од мечот Камавинга доби црвен картон, втор жолт откако намерно ја рогна топката и ќе го пропушти реваншот во Мадрид.
„Топџиите“ со 3 гола предност ќе патуваат на реваншот во Шпанија.
Лига на шампиони, четвртфинале, резултати:
АРСЕНАЛ - РЕАЛ МАДРИД 3-0 (0-0)
/Деклан Рајс 58', 70', Мерино 75'/
1-0:
Од друг агол првиот гол од слободен на Деклан Рајс:
2-0:
Вториот гол од слободен на Деклан Рајс од друг агол:
3-0 Мерино:
Најдобрите моменти и головите од мечот:
БАЕРН МИНХЕН - ИНТЕР 1-2 (0-1)
/Томас Милер 85' - Лаутаро Мартинез 38', Фратези 88'/