Пред 14 години Горан Пандев направи потрес во фудбалска Европа откако со маестрален гол го урна големиот Баерн среде Минхен во Лига на шампиони и му донесе победа на Интер. Нераѕурите вечерва пак славеа во престолнината на Баварија, овојпат со головите на Лаутаро Мартинез и Давиде Фратези. Томас Милер претходно го израмни резултатот. Капитенот на Интер даде гол по сјајна асистенција на Маркус Турам со пета.