„Бади здраво, ова е Стеф Кари, најдобриот шутер на светот“

Со големиот господин и еден од најдобрите тренери на сите времиња, Стив Кер, и со доаѓањето на врвниот Џими Батлер во февруари, Голден Стејт повторно игра маестрално и од тогаш имаат 22 пбоеди и само 6 порази. Во тој период и Стеф Кари уште повеќе ја подобри формата. Во убедливиот триумф на Голден Стејт Вориорс против Феникс Санс 133-95 Стеф Кари во еден момент бил сам на шут, а Бади Хил не му ја додал топката. Стив Кер повикал тајм-аут.

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

„Дечки, би сакал да се запознаете... Стеф ова е Бади Хил. Бади, ова е Стеф Кари... Најдобриот шутер на светот“.

Голден Стејт Вориорс стигна до убедлива победа 133-95 на гости кај Феникс. Најефикасни беа Стеф Кари со 25 поени, 9 скока и 6 асистенции, Брандин Подзиемски со 22 поени, 5 скока и 3 асистенции и Трејс Џексон-Дејвис со 13 поени и 8 скока.

Кај Феникс Санс најефикасен беше нивниот лидер Девин Букер со 21 поен, а Кевин Дурент беше отсутен поради повреда.

Голден Стејт Вориорс со овој триумф има 47 победи и 32 порази и е на солидно 6-то место на Западот. Воините до пред извесен период беа во голем пад на формата и во прашање го доведоа плејоф настапот, но ја вратија формата во нагорна линија и ги очекуваат борби во доигрување за титулата.

9 април 2025 - 10:23