- Директорот на Геријатрија примил мито од 20.000 евра и тоа само како гаранција дека ќе му биде дадена целата сума што ја барал - 100 илјади евра, за да смести пациент во установата која ја раководи.
- Мухсин Арифи ј знаел целата имотна состојба на пациентот па креативно предложил да го продадат неговиот стан за да може да го исплатат.
- Го уапсиле кога жена-сведок во нејзиното возило му ги предала 20-те илјади евра.
- Од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, чиј член е Арифи, ги повикаа надлежните државни органи во брза и ефикасна постапка да ги расчистат сите околности.
- Арифи претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.