
Луис Енрике во сезоната 2014-2015 бараше засилување за одбраната на Барселона и го најде во левиот бек и стоперот Жереми Матје. Францускиот фудбалер не беше веднаш стартер во првиот тим но и тоа како имаше голема улога во освојување на тројна круна таа сезона.
Десет години откако освои три титули од кои и Лига на шампиони со Барселона во која играше со Лионел Меси, Матје има нова професија. Тој на 41 година работи во дуќан на Интерспорт во Франција.
Како што пишува француски Л'Екип, Матје работи во голема продавница за спортска опрема лоцирана меѓу Провенс и Марсеј а бил менаџер за фудбалската секција.
Откако сликата со него во оваа продавница станала позната и се ширела по социјалните мрежи, компанијата добила стотина повици од навивачи кои сакале да дојдат до таму и да го сретнат во живо некогашниот француски репрезентативец.
Во големото финале на Лига на шампиони во 2015-та, играно во Берлин, Барселона со 3-1 го совлада Јувентус. Стрелци на головите беа Ракитиќ во 4-та минута, Луис Суарез во 68-ма минута и Нејмар во 90+7'.
Жереми Матје најдесно до Бускетц на сликата од прославата на освоениот пехар во финале на Лига на шампиони 2015:
Жереми Матје влезе во 90+1' минута од клупата за резерви наместо Иван Ракитиќ. Матје изминативе денови бил прав хит таму откако навивачи доаѓале да се сликаат со него.