Шпаркасе Банка и Гранит одиграа по едно одлично полувреме за реми

Макпетрол го декласираше Интертек со 12:0 во четвртиот ден од 2. коло во Бизнис лигата на Македонија, ЈП Дрисла славеше против Сава Осигурување.

Макптетрол убедливи во дуелот со Интертек

Интертек 0-12(0-4) Макпетрол

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиевски 7’ 22’ Ибрахим Исмаили 13’ 40’ Горан Новакоски 14’ Влатко Мурџески 17’ Никола Секуловски 29’ Марко Костенцовски 30’ 37’ 37’ Денис Димитриески 31’ Ѓоре Јовановски 32’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипте на Интертек и Макпетрол, двете екипи влегоа во вој дуел со цврста и офанзивна игра. На почетокот од полувремето екипата на Интертек се закануваше но Мкапетрол одлично ја постави својата одбрана а преку контра напади го отвори резултатот и поведе во 13та минута. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол со одлично поставена игра од минута во минута го зголемуваше водството кое до паузата беше 0-4. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра и контрола врз играта во овој натпревар. Екипата на Интертек иако играше борбено и имаше одлични шанси за реализација не успеа да ги искористи па Макпетрол славеше со убедливи 0-12

ЈП Дрисла ја сочува предноста од полувремето за победа над Сава Осигурување

ЈП Дрисла 5-3(3-1) Сава Осигурување

ЈП Дрисла: Бесник Шакири 9’ Горан Трајковски 9’ Расим Исмани 15’ 26’ Дени Стојановски 37’

Сава Осигурување: Решат Рахмани 3’ 30’ Никола Крстевски 27’

Одличен старт на екипата на Сава Осигурување во дуелот со ЈП Дрисла тие уште на самиот старт на полувремето во 3та минута успеаа да го отворат резултатот преку погодокот на Рахмани. По ова рано водство на Сава Осигурување екипата на ЈП Дрисла ги консолидира своите редови и притисна во предно поле што им донесе резултат па не само што успеа да го израмнат туку и да дојдат до целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Дрисла ја зголеми предноста и на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да се врати во натпреварот и со одлична игра дојде до само еден гол негатива при резултат од 4-3 и што го направи второто полувреме доста интересно. Во финишот од полувремето Сава Осигурување се обидуваше со офанзивна игра да дојде до израмнување но ваквата отворена игра ја казни ЈП Дрисла и ги осигура бодовите со резултат од 5-3.

Шпаркасе Банка и Гранит одиграа по едно одлично полувреме за реми

Шпаркасе Банка 3-3(3-0) Гранит

Шпаркасе Банка: Спасе Спасовски 2’ Стојанчо Јосифовски 8’ Никола Пановски 20’

Гранит: Димитар Илиевски 27’ Мартин Фотевски 31’ Дарко Петров 35’

Одлично прво полувреме одигра екипата на Шпаркасе Банка во дуелот со Гранит. Шпаркасе во овој натпревар влезе максимално мотивирано со одлично поставен напад кој го контролираше вотекот на целото полувреме. Екипата на Гранит не можеше да најде против игра за тактичките замисли на Шпаркасе Банка па екипата на Шпаркасе го доби првото полувреме со 3-0 стрелци на головите беа Спасевски, Јосифовски и Пановски. Во второто полувреме екипата на Гранит под водство на Кире Атанасовски ја смени тактичката замисла и во своите редови внесе голман играч, со ваква поставеност Гранит успеа да го сврти текот на натпреварот и во втората половина од полувремето да фати резултатски приклучок кој резултираше со израмнување на резултатот во 35та минута. Стрелци на головите кај гранит беа Илиевски, Фотевски и Петров. Од 35та минута иако и двете екипи имаа по неколку шанси за гол ниту една од нив не успеа да реализира па натпреварот заврши со израмнет резултат од 3-3.

30 септември 2022 - 11:01