Салах и двосмисленоста во изјавата

Може само да се замисли колку е силен Ливерпул кога меѓу првите петмина најдобри стрелци во лигата, тројца се нивни играчи (Салах 22, Жота 15, Мане 14) и меѓу првите тројца најдобри асистенти сите тројца се нивни (Салах 12 асистенции, Трент Александар-Арнолд 12, Ендрју Робертсон 10). Заслужено се први на табела во Премиер во моментов.

По дербито против Манчестер Јунајтед на кого на последните два меча му дадоа 9 гола а не примија ниеден, Мо Салах, главниот играч на Ливерпул вели: „Тие со одбраната и средниот ред ни го олеснија животот“.

Кога сите навивачи на интернет помислија дека Египќанецот мислел на играчите на Манчестер Јунајтед кои играа толку слабо што стварно им го олеснија животот на „црвените“, Салах на Твитер појасни дека мислел на неговите одбрана и среден ред:

Цел Енфилд Роуд аплаудираше во 7 минута за Кристијано Роналдо

Енфилд на свој начин се забавуваше со играчите на Манчестер Јунајтед

20 април 2022 - 15:02