На социјалните мрежи се рашири видео од радоста на навивачите на Ливерпул меѓу кои имаше еден кој не можеше да го види победничкиот гол со кој клубот му се пласираше во нокаут фаза.
Но фудбалот велат е за сите, па дури и за оние кои не можат да го гледаат. Голот е нешто посебно за навивачот кој најважно е да го почувствува, да се наежи и да му се израдува, а тука се пријателите за помош.
Салах го реши Наполи и го однесе Ливерпул во осминафинале, а благодарение на својот братучед кој му зборуваше на увце, слепиот навивач се обиде да си ја замисли акцијата.
Тоа се тие емотивни моменти кои можат да се видат на стадион. Фудбалот не познава граници, па дури и во вакви животни потешкотии.
Дури и навивач на Евертон го искоментира овој момент:
„Ова е нешто посебно. Јас сум фан на сините, но цел сум во солзи“.
Мајк се заблагодари за видеото