Пред осум години разнесувал пица, а сега ќе игра во финале на Светско првенство

Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.

Од 13 до 15 години бројот 19 на Французите на ова Светско првенство и еден од гранитните столбови во среден ред, Јусуф Фофана тренирал во најпознатата француска фудбалска школа во Клерфонтен.

Со него тренирале уште и актуелните француски репрезентативци Амин Арит од Марсеј и Муса Диаби од Баер Леверкузен. Идол им бил Дидие Дрогба.

Фофана го сметале за најголем талент на таа генерација, но не секогаш најголемите таленти им поаѓа од рака да направат добра кариера.

„Искрено да кажам, почнав одново да станувам просечен играч во еден момент“, раскажувал Фофана во интервју за Л’Екип.

Во 2014-та година ја напуштил академијата во Клерфонтен и како што бил без пари, морал да бара чаре.

„Ми требаше да најдам добро платена работа. Сега тешко е да се замисли од оваа перспектива, но тогаш развезував пица. Тоа беше забавно и траеше неколку месеци, но ми се допаѓа кога ќе ми текне на тоа време. Тоа ми дозволува да бидам поприземјен“, искрено вели Фофана.

КОГА РЕШИЛ ДА ГО БАТАЛИ ФУДБАЛОТ, НЕНАДЕЈНО МУ СТИГНАЛА ПОНУДА

Фофана не го напуштил фудбалот во целост. Паралелно со работата пица достава, играл во клубчето Дранци од аматерската лига на Франција. Во 2017-та година овој фудбалер од среден ред, разочаран од спортската перспектива, решил да крене раце од фудбал и да се фокусира на студирање.

Само што донел таква одлука, му дошла понуда од Стразбур, еден од поголемите клубови во Франција.

„На пола година пред да запишам бакалавриат (степен образование во Франција наречен и Licence кој трае три години) си реков себеси дека ќе завршам со фудбалот и ќе се концентрирам на учење. Но во време на настапување за Дранси ме приметил Стразбур. Во февруари 2017-та потпишав професионален договор“, се сеќава Фофана.

Прво играл за младинците, но веќе во 2018/2019 го прекомандувале во прв тим. После само една година преминал во силниот, славен и богат Монако каде од старт станал главен игач во средниот ред.

Фофана веќе станал голема ѕвезда. Заработува милиони според договорите. Откако го средил својот живот, тој можел спокојно да бира за која репрезентација ќе игра: Франција, Мали (од таму му се родени родителите) или Брег на Слонова Коска (имал корени од оваа земја). Тој ја избрал првата варијанта.

Кога дознал дека ќе оди на Светско првенство и дека е на списокот на Дидие Дешан, Фофана бил шокиран:

„Кога дознав за повикот си реков: „После 10 години ќе се вратам во Клерфонтен (во ова место близу Париз е и базата на репрезентацијата) со параден влез преку вратата. И тоа е најдобро нешто! Кога моите тренери од младински категории ме видоа беа среќни. Ми кажаа: „Фала ти што докажа дека сме згршиле“.

Јусуф Фофана во недела од 16:00 часот ќе игра во најголемиот меч во спортот, финале на Светско првенство со Аргентина.

15 декември 2022 - 09:00