Лука Трпевски - новиот македонски бисер во Црвена звезда

По Матеј Гаштаров кој веќе се профилираше во еден од главните играчи на првиот тим на Црвена звезда а има само 19 години, уште еден македонски бисер е на одличен глас.

16-годишниот Лука Трпевски го постигна единствениот гол за победа на младинскиот тим на Звезда во младинската Лига на шампиони против словенечки Браво во реваншот од 2. коло. Трпевски има само 16 години но веќе дебитираше за Македонија У-21 а јавноста со нетрпение очекува наскоро да добие повик и за сениорската репрезентација.

Лука Трпевски е роден во Скопје на 22-ри јануари 2010-та. Има македонско и шведско државјанство. Првите чекори во фудбалот Лука ги направил во ФК Вардар а во Црвена звезда дошол од добро познатата фудбалска школа на Македонија Ѓорче Петров. Тој во мај минатата 2025-та доби професионален договор од Црвена звезда. 

Игра во офанзивниот дел како полушпиц зад напаѓачите а може и како крилен напаѓач. Вешт е со топката и важи за еден од подобрите техничари во оваа сјајна генерација У-16 на Црвена звезда која ја тренира некогашниот центарфор Ѓорѓе Ракиќ.

Сезона во кадетската лига на Србија, Лука Трпевски има дури 11 гола и 5 асистенции на 9 натпревари и е еден од подобрите фудбалери во неговата возрасна категорија.

Веќе има 2 настапи за репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Голот во младинската Лига на шампиони е на 1 минута и 22 секунди од видеото:

 

5 ноември 2026 - 08:59