Она што го направи Комо е право чудо на чудата. Екипа составена претежно од млади таленти, за првпат игра во Лига на шампиони. Прво со 4-1 го декласира Манчестер Јунајтед, а после оди во Франција и на Ленс на гости му дава 9 гола. ДЕВЕТ! Меѓу стрелците еден дебитант од 18 години кој првпат заигра во Лига на шампиони и еден 19-годишник.