По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.
Со Лино Червар на трибини и без никакви шанси за продолжување во втората фаза од Лигата на шампионите, Металург одигра натпревар без душа во претпоследното коло од групната фаза и заслужено загуби со 22:30.
Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).
Ракометарките на Вардар дефинитивно фатија залет кон европската круна откако вечерва ја забележија и шестата победа на шест меча. Совладан Турингер 29-21.
Ракометарите на Металург го претрпеа и четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје беа поразени од лидерот Монпелје со 21-27.
Избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат со доминација во Лигата на шампионите откако вечерва ја прославија и шестата победа на седум меча и без пораз се лидери во Групата А.
По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.
Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург загуби од условно аутсајдерот на овој меч, Бешикташ со 31-27 и го запиша вториот пораз.
По гостинскиот триумф против Висла Плог, ракометарите на Вардар ја заверија и втората победа во новата сезона од Лига на шампиони. Нант не беше лесен залак и пружи достоен отпор. Мала минутажа за Кире Лазаров кој не постигна ниту еден гол.
По ланските два дуела во групната фаза, кои завршија со победа на Монпеље (28-18 и 30-24), тимот од Автокоманда ја загуби и трета меѓусебна пресметка во првото коло од новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите.
Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).
По три неуспешни обиди, ракометарите на Вардар успеаа да се пласираат онаму каде што сонуваа и тие и навивачите, во големата четворка на европскиот ракомет. Флензбург не мрдна во Јане Сандански и се соочи со одмазда од 2014-та.
Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.