Уште пред гостувањето во Загреб Вардар беше голем фаворит со оглед на коефицентите кај букмејкерите. За разлика од лани кога хрватскиот шампион го изненади македонскиот, овојпат бранителот на трофејот во ЛШ рутински ги освои бодовите 23 - 29 (10-15).
По којзнае кој пат сезонава најзаслужен за победата на „црвено-црните“ беше Арпад Штербик кој на крајот од мечот ги собра аплаузите за вкупно 17 одбрани од кои дури 13 во првиот дел.
Мечот започна добро за гостите од Скопје. Водство од 0-2, па 5-7, и моментот кој можеби го одлучи понатамошниот тек од мечот: Вардар направи серија од 1-5 во 21 минута за највисока позитива од плуст шест (6-12).
Очекувано домашните водени од публиката пробаа да фатат приклучок, се вратија на 9-13 кога Вардар спушти гас но на полувремето резултатот гласеше 10-15.
It's looking good for @HCVardar at half-time against @RKZagreb, leading 15:10 and Arpad Sterbik is pulling off brilliant saves! #veluxehfcl pic.twitter.com/qOqQhX8FMy
— EHF Champions League (@ehfcl) November 11, 2017
Поучени од минатогодишното искуство кога Загреб направи чудесен пресврт, овојпат Вардар решително маршираше до нов триумф па после 34. минути игра замина на (+8) со головите на Кањелас и гигантот Кристопанс.
Во финишот Раул Гонзалес ги ротираше играчите а најефикасен на крајот беше Хрватот Иван Чупиќ со седум погодоци - сите седум од пенал. Шест даде маестралниот Вуко Борозан а високиот Даинис Кристопанс четири пати ја тресеше мрежата.
Вардар сега има 13 бодови и е лидер во групата А. Во групата утре се игра дербито Барселона - Рајн-Некар (19) а Нант го изненади ПИК Сегед попладнево на гости со 33-30.