Вака го гледаш голем, корпулентен, па дури и страшен по малку, ама тој е уствари мирен, сталожен без тронка надменост. На страна тоа што е голманиште и роден шампион кој влезе во срцето на секој навивач на Вардар. Еден и единствен – Арпад Штербик.
Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!
Со 8 интервенции сите во вториот дел, Штербик е прогласен за најдобар играч на финалето на Европското првенство. Тој е единствениот ракометар кој ја освоил МВП наградата на едно финале на ЕП и СП. Кој би рекол дека овој човек има 38 години. Рипна од фотеља, и се приклучи на селекцијата на Шпанија пред три дена и ја крена ногата до небо.
Како да ви го опишам? Људина од преку два метри, но веќе на прв поглед се гледа дека е добар човек. Мирен, сталожен, ниту трага од надменост. Мирот од терен го пренел во својот приватен живот или па можеби е обратно.
За фудбалот вакви листи има на тони, но во ракометот многу малку се зборува за пари и тие се смешни во однос на фудбалот. Македонски ракометар нема во оваа конкуренција, но затоа има еден легендарен Вардарец и тоа два пати.
Каков ли да му се даде веќе епитет на овој човек, кој од шала на 38 години прави по 15-20 интервенции по натпревар. На Таки, кој чат пат нѝ пишува колумни му текна нешто доста интересно.
Европскиот шампион е на прагот од директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако и во 10. рунда од групната фаза го прегази Кристијанштад 31-15 (14-8).
Четири години по ред брани неприкосновено, решава клучни натпревари и едноставно е карпа на гол, без кој немаше да стигне европската титула во Скопје. Затоа е логично да се најде навивач на Вардар кој ќе направи и еден ваков епски обид за да го премисли да не оди догодина во Веспрем. Инаку како причина го наведе тоа да биде поблиску до децата, на што Андреја му одговара:
На 20 ноември Арпад Штербик наполни 38 години, а брани како да се наоѓа во втора младост. Веќе не се бројат натпреварите на кој беше јуначиште. 13 одбрани во Манхајм. Последната за големиот бод на Вардар му е едноставно закон. Огромна штета што овој човек на крајот на сезоната ќе се поздрави со скопската публика.
Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).
Избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат со доминација во Лигата на шампионите откако вечерва ја прославија и шестата победа на седум меча и без пораз се лидери во Групата А.
Ракометарите на Вардар минатиот викенд со 27-24 ја победија Барселона а најзаслужен за историската победа беше голманот Штербик кој денес, сосема заслужено и очекувано е избран за најдобар ракометар во 5 .коло од Лига на шампиони.
Европскиот шампион продолжува да ги пишува најубавите страници од својата историја - вечерва во Скопје со 27-24 (16-12) ја победи славната Барселона во 5. коло од групната фаза на ЛШ и сега е сам на врвот.
Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
По убедливиот триумф над европскиот шампион минатиот викенд, Вардар и вечерва демонстрираше страшна форма и го прегази германскиот шампион Некар Левен со 27:33 (16-17).
Во третиот меч од групата Б во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар успешно го пребродија гостувањето во Словенија 26-32 и дома се враќаат со нови бодови.
Во сите три стандардни категории во неделниот избор на ЕХФ има по еден ракометар на Вардар кој три сезони по ред е меѓу најдобрите 8 во Лигата на Шампионите. Арпад Штербик на една минута до крајот ја направи клучната одбрана за победа која е прогласена за најдобра, Алем Тоскиќ со 8 од 8 е избран во тимот на колото, а меѓу петте најубави гола влезе и оној на Шишкарев.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
Одбраната на Арпад Штербик во дуелот со Кире Лазаров еден на еден, влезе во изборот на ЕХФ, а во оваа листа на најдобри одбрани на колото, е и онаа на Гонзало Перес де Варгаз кој го скроти ударот на Тимур Дибиров.
Ракометарите на Вардар на југот од Шведска го совладаа Кристијанштад 30:25 (15-13) и се искачија на првата позиција на табелата во групата Б. Дибиров и Карачиќ се повредија, следен ривал е Рајн-Некар во Скопје.
По одличното отворање на европската сезона, ракометарите на Вардар во недела во второто коло од групата Б во Лигата на шампионите го пречекуваат унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед кој во првото коло го изненади полскиот Кјелце.
Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.