Беше само прашање на денови кога ќе рече доста е и тоа го кажа вчера. Објасни дека размислувал веќе 4-5 години, но сега и официјално се повлекува по крајот на сезоната. Иако има едно мало “ако треба“ во неговата изјава, која подобро да не ја шири како опција, бидејќи од Јане Сандански први би му се јавиле.
„Зошто би бил тажен? Имам две прекрасни деца и прекрасна сопруга кои ме чекаат дома! Но, ќе им порачам на навивачите и тие да не бидат тажни, зашто нема да одам далеку. Ако треба, пак ќе се вратам меѓу диреците. Ќе бидам внимателен за да не нафрлам десет килограми на мене“, додава во смеа Шетрбик.
Штербик ќе биде запаметен како еден од најдобрите ракометни голмани во светот кој направи блескава и клупска и репрезентативна кариера, како и многу едноставен човек без разлика на медалите, славата и парите.
Оженет е со Моника Хорват со која има близнаци, Ноела и Лаура, а роден е во Сента (Војводина), 1979-та, но само затоа што во Ада (Војводина) немало породилно одделение.
На 13 години играл за РК Југовиќ од Кач, клуб кој во тоа време ја имал најдобрата ракометна академија во Југославија. После четири години се сели во Веспрем, па заминува во Сиудад Реал каде остана седум години. Останува во Шпанија и кога Реал го смени името во Атлетико Мадрид.
Следуваше трансфер во Барселона, еден од најголемите клубови на планетата каде се задржа до 2014-та, па потоа Вардар, па последна дестинација кам бек во Веспрем по 14 години. Македонската спортска гордост стана првак на Европа, а Арпад освен што ја повтори драгоцената титула, беше прогласен и за најдобар поединец во светот.
„Бев учесник на девет финалиња во ЛШ, ова ми е четврта титула, но МВП наградата ми е прва во животот. Ова признание е круна на мојата кариера. Чувството е неверојатно“, рече Штербик на после финалето со ПСЖ кога Вардарци во 2017-та славеа на тој историски дуел.
Пред да ја освои европската титула со Вардар, со Сиудад Реал ја имаше освоено три пати (2006, 2008 и 2009)
Не смејат да се заборават и одличјата на овој сјаен спортист со репрезентација. Јунакот на оваа приказна бранеше за Југославија на Светските првенства 1999-та во Египет и 2001-ва во Франција и освои два бронзени медали.
Потоа извади шпанско државјанство и со Црвената фурија направи партал. На СП Шведска 2011 стигна до бронза, а две години подоцна на финалето во Барселона на домашно тло, го освои светскиот трон. Пред две години во Хрватска стигна и трофејот кој му фалеше во кариерата, а тоа е европски првак.
Затоа може со причина да се каже: Арпад Штербик - едноставно најдобар. Кога реши да си оди од Вардар доби и ваква понуда.
Колку и да копаш на интернет, тешко е од неговата 20 годишна кариера да го сумираш најдоброто, па затоа одиме само со мал дел од чудата кои ги правеше за Вардар во ЛШ.
Зицерот на Кире
Страшни одбрани против Барселона и на домашен терен.
Кога ќе се запали и Том о'Бранагeн
Клучна одбрана со звукот на сирената против Рајн Некар на гости