Херојската одбрана на Штербик со звукот на сирената
На 20 ноември Арпад Штербик наполни 38 години, а брани како да се наоѓа во втора младост. Веќе не се бројат натпреварите на кој беше јуначиште. 13 одбрани во Манхајм. Последната за големиот бод на Вардар му е едноставно закон. Огромна штета што овој човек на крајот на сезоната ќе се поздрави со скопската публика.