Вардар игра фантастично, Вардар игра магично е рефренот на една позната песна на Комити, а ракометарите на македонскиот првак играат токму така. Вечерва и на 15-ти меч по ред останаа без пораз во елитното друштво а 20 меча сезонава во сите натпреварувања не ја почуствувале горчината на загубен меч.
Вечерва „Црвено-црните“ остварија рекорд во Лигата на шампионите затоа што славеа убедливо со 16 разлика. Претходно најголем плус на Вардарци беше +13 против Вакер пред четири години.
Вечерва Штербик по којзнае кој пат беше главен адут на екипата откако во првиот дел запиша девет одбрани. Носен од громогласната публика скопскиот тим во еден момент поведе 14-8 и им стави до знаење на гостите дека бодовите остануваат во Скопје.
По 11. минути игра во вториот дел Вакер стекна двоцифрена предност (19-8), а сето тоа како резултат на феноменалниот напад. Вардарците по овој триумф остануваат лидери на табелата со 18 бода и како првопласирани ќе го дочекаат финишот и последните четири рунди од групната фаза во февруари 2018 по Мундијалот во Хрватска.
Највисока предност стекнаа Вардарци на половина од второто полувреме 22-9. На крајот конечни 31-15. Играч на мечот беше Арпад Штербик со 17 одбрани (1 пенал). Дибиров го заврши натпреварот со 7 гола а Игор Карачиќ постигна пет.