Арпад Штербик - уникатен феномен во светот на спортот

Како да ви го опишам? Људина од преку два метри, но веќе на прв поглед се гледа дека е добар човек. Мирен, сталожен, ниту трага од надменост. Мирот од терен го пренел во својот приватен живот или па можеби е обратно.

Од разговорот со Арпад Штербик, спортска мега ѕвезда, не можев да посакам поубав подарок за новата 2018-та, кога во овие денови се навршуваат точно три децении од моето работење во новинарството, пишува Слободан Дамјанов за prastanjeuspeha.rs.
 
Имав среќа да разговарам со многу асови, најдобри играчи и луѓе од светот на спортот, да патувам илјадници километри за да следам светски и европски првенства и многу повеќе од тоа за што некој би сонувал. И сега, еве ме со Арпад Штербик.
 
Каква привилегија е да се разговара со врхунски спортист, најдобар ракометар во светот за 2017-та, но и пријатен човек кој и покрај неверојатните успеси и слава, цврство стои на земја. Иако е најдобар светски голман кој сега брани за скопски РК Вардар, успеав за мојот работен јубилеј на моите читатели да добијам ексклузивен разговор за него, ракометната игра и неговата занимлива животна приказна.
 
Не е Арпад Штербик само најдобар светски голман, а тоа трае веќе со години и доволно е да погледнете каде се бранел и какви трофеи освоил, туку и посебна личност со неверојатна животна приказна. Роден е во Сента (Војводина), 1979-та, но само затоа што во Ада (Војводина) немало породилно одделение.

На 13 години играл за РК Југовиќ од Кач, клуб кој во тоа време ја имал најдобрата ракометна академија во Југославија. После четири години се сели во Веспрем, па заминува во Сиудад Реал каде остана седум години. Останува во Шпанија и кога Реал го смени името во Атлетико Мадрид.
 
Следуваше трансфер во Барселона, еден од најголемите клубови на планетата каде се задржа до 2014-та, па потоа заминува во Вардар. Македонската спортска гордост стана првак на Европа, а Арпад освен што ја повтори драгоцената титула, беше прогласен и за најдобар поединец во светот.
„Бев учесник на девет финалиња во ЛШ, ова ми е четврта титула, но МВП наградата ми е прва во животот. Ова признание е круна на мојата кариера. Чувството е неверојатно“, рече Штербик на почетокот на јуни, после финалето со ПСЖ кога Македонците славеаа на тој историски дуел.
Колку беше тој подвиг важен и за самата Македонија, нека послужи фактот што претседателот на нашата соседна земја, Ѓорѓе Иванов ги одликуваше ракометарите на Вардар со медал за заслуги. По сјајните четири години во Вардар, веќе е познато дека Арпад Штербик се враќа во Веспрем, практично дома, пред крајот на кариерата и со тоа го затвора фантастичниот круг на успеси.

Да не ги заборавам и одличјата кој овој сјаен спортист ги оствари со репрезентација. Ги издвојувам најважните: Јунакот на оваа приказна бранеше за нашата земја на Светските првенства 1999-та во Египет и 2001-ва во Франција, каде два пати бевме трети. Потоа извади шпанско државјанство и со Црвената фурија беше уште поуспешен. На СП Шведска 2011 стигна до бронза, а две години подоцна на финалето во Барселона на домашно тло, го освои светскиот трон. Затоа може со причина да се каже: Арпад Штербик - едноставно најдобар.
 
Пред да го сретнам добродушниот гигант бев малку нервозен да не ме одбие, бидејќи велат дека ретко зборува во јавноста, барем не на долго и широко како што сакав јас. Сепак следниот ден во хотелот Русија, го видов тоа насмеано и добро познато лице на Арпад Штербик.
 
Како да ви го опишам? Људина од преку два метри, но веќе на прв поглед се гледа дека е добар човек. Мирен, сталожен, ниту трага од надменост. Мирот од терен го пренел во својот приватен живот или па можеби е обратно.
 
Неговата едноставност уште повеќе ми докажа дека медалите, славата, парите, како и социјалниот статус, не мора да го променат човекот. Тој успеал да ја задржи едноставноста и во животот и на терен, а тоа е најтешко. Затоа е најдобар. Штербик е оженет со Моника Хорват со која има близнаци, Ноела и Лаура.

Дали како 13 годишник по доаѓањето во Кач, можеше да претпоставиш каква кариера ќе направиш?
 
Во Ада, каде што почнав со ракомет, не ни знаев дали сум добар и само тренирав. Кога стигнаа некои понуди од Србија, помислив дека сум на добар пат и дека сум талентиран. Кога дојдов во Југовиќ, немав некое чувство дека сум добар голман, се додека не ме повикаа за кадетска, јуниорска и сениорска репрезентација. Тогаш видов какви се другите голмани и тогаш разбрав дека сето тоа треба сериозно да го сфатам и дека сум талентиран голман кој може да биде на терените во Европа и светот.
 
Дали се сеќаваш на пресвртницата? Кога го почувствува тоа?
 
Се разбира. Кога Зоран Тута Живковиќ ме повика во А репрезентација почнав сериозно да размислувам. Кога си во младите селекции, не има доста талентирани, но малку од нас стигнуваат до најдобриот тим.
 
Ти си спортист со многу освоени трофеи, беше успешен на репрезентативно и клупско ниво. Мислам дека си одличен соговорник за прашањето: Како се стигнува до успех?
 
Ако сакате да зборуваме за екипа, потребно е да се спојат многу работи. Без разлика дали се работи за клуб или репрезентација. Прво мораш да имаш една добра група на луѓе, играчи. Да бидат вистински спортисти, но мора да се има и многу среќа. Тука се повредите или често една топка може да одлучи важен меч. Да речеме дека има 5-6 кандидати кои се стремат да освојат ЛШ и цела година работат на тоа. Ако некој влезе во лоша форма или ако се повреди клучниот играч, тешко се стигнува до трофеј. Значи среќата е неопходна. Инаку секој играч мора да работи многу. Младите мораат да имаат желба за напредок, да не се предаваат. Ни една спортска кариера не е лесна. Во секоја земја репрезентацијата има два голмани. Ако си трет, никогаш нема да стигнеш да се докажеш и затоа е потребно само работа и работа и верба во себе.

Како гледаш на овој да го наречам современ ракомет? Ти беше дел од големиот систем, а и сега. Дали оваа игра се промени?
 
Јас сум сега стар играч во ракометниот свет. Кога почнував во Веспрем или Сиудад Реал, ракометот веќе беше брза игра. Кога Магдебург освои ЛШ (2001-2002) играа со 7-8 играчи, а младите беа на клупа. Така беше и во Веспрем. Но тоа подоцна се промени. Почнаа да купуваат 16 добри играчи бидејќи знаеа дека само така се освојува нешто големо. Така работеше Кил, Хамбург и други. Погледнете го нашиот последен меч со Загреб. Тие на секоја позиција имаат по двајца, тројца добри играчи. Има многу натпревари и една сезона не можеш да ја изиграш со мал број на играчи. Тоа е таа пресудна разлика.
 
Морам да те прашам за спортскиот феномен РК Вардар. Вие сте актуелни шампиони на Европа, се околу вас изгледа спектакуларно. Што може да ни кажете за тоа?
 
Јас сум тука веќе четири години, а тренерот Раул Гонзалес пристигна пола година пред мене. Почнавме полека да ги спојуваме коцките за да стигнеме до фајнлфор. Бевме добри ривали против сите. Никој во Скопје лесно не однесе бодови. Во првите две години, каде и да игравме, ниту најголемите европски клубови не можеа да не добијат со голема разлика. Секогаш бевме тука некаде, за гол -два. Сепак нешто фалело и тогаш испаднавме од Кјелце, па Веспрем. Веќе третата година ги споивме сите коцки. Ти ја спомнав среќата која е потреба и со сјаен тим и добар тренер успеавме да стигнеме до врвот на Европа. Веќе оваа сезона е другачије, бидејќи има доста повредени играчи. Се бориме, но ќе видиме како се ќе изгледа кога ќе дојдат мечевите со сериозните ривали. Ако не бидеме комплетни ќе биде тешко да го повториме успехот.
 
Мислам дека е многу занимливо, но така е направено во системот. Ти си сега играч на Вардар, но веќе се знае дека следната година ќе настапуваш за Веспрем. Практично се враќаш дома нели?
 
Младите играчи повеќе ја гледаат финансиската страна. Јас сум во години и се приближувам дома. Мене ми останаа да играм уште година - две, гледано од спортска страна, но сепак не можам да одам во некој тим кој нема големи цели. Бидејќи тоа ме држи цел живот. Така е од 2001-ва. Кога отидов од Југовиќ од Кач, се борам да освоим ЛШ. Имав и успеси и неуспеси. Секогаш сум на врвот, меѓу четири, осум тимови и сакам така да продолжам. Не можам да живеам на друг начин.

На последниот меч во Загреб во ЛШ, славевте против реномираниот ривал со 10 разлика, а ти беше главен актер. Практично со своите одбрани го одржа успешниот ритам на својот тим. Тоа се повторува од натпревар во натпревар. Сакам да кажам уште си најдобар и во сјајна форма.
 
Ако ти така велиш.
 
Имам впечаток дека се помалку деца се интересираат за спорт и ги влечат други работи. Како да ги натераме да дојдат на игралиште, да бидат ракометари?
 
Тоа е многу тешко. На децата сега им се на прво место некои други работи. Мислам дека сите сме криви за тоа, а старите најмногу. Треба да се почне уште од школо, бидејќи кај нас на Балканот има толку талентирани деца за спорт како ретко каде во светот. Еве еден пример: Хрватска има успеси со репрезентација, како и Словенија, а тоа придонесува ситуацијата да биде по поволна во тие земји. Значи ако селекцијата има успех, ќе има и повеќе играчи.
 
Арпаде, фала на овој разговор, беше привилегија да се зборува со најдобриот на планетата. За крај, секој соговорник го прашувам за феноменот на признавање успех. Зошто е тешко да се признае туѓ успех?
 
Јас не размислува воопшто за тоа. Ако моите пријатели се успешни, мене ми е многу драго. Баш поради тоа што е тешко во овој наш свет да признаеш и пофалиш туѓ успех. Што да му правам кога некој е љубоморен.
 
Сè што знаев за Штербик кој е одличен спортист и добар човек, сега е уште поизразено во позитивна смисла. Тежи совршенство во тоа што го прави, а кога така размислува, тоа е постојано етички. Во секоја смисла е извонреден. Кога гледате некој натпревар на кој настапува јунакот на нашата приказна, лесно ќе откриете колку е елегантен и префинет, без оглед на тежината на работата што ја прави. Тоа е затоа што Арпад знае сè да усогласи во хармонија. Веројатно многумина се прашуваат, како децата, така и возрасните, а посебно ракометните голмани низ целиот свет: Од каде толкава енергија, на кој начин тоа го прави, како тоа му оди низ рака? Сè е чиста природа. Да, природен е во тоа што го прави, па нема недостаток на извонредност. Да се биде едноставен е најтешко. Затоа Арпад Штербик е уникатен феномен во светот на спортот.
 
4 јануари 2018 - 16:07